Лососот на знаењето () ― суштество во Финовиот циклус на ирската митологија, понекогаш е идентификуван со Финтан мак Бохра, кој бил познат како „Мудриот“ и еднаш бил преобразен во лосос.

Фениски циклус Приказната за лососот е истакната во „Момчешките дела на Фион“, која ги раскажува раните авантури на Фион мак Кумхаил. Во приказната, еден обичен лосос изел девет лешници кои паднале во Бунарот на мудроста (ан Тобар Сегаис) од девет лешници што го опкружувале бунарот. Со овој чин, лососот го стекнал целото светско знаење. Првата личност што ќе јаде од неговото месо, за возврат ќе го стекне ова знаење.

Поетот Фин Есес (или Финегас) поминал седум години ловејќи го овој лосос. Конечно, Фин го фатил лососот и му ја дал рибата на Фион, неговиот слуга и син на Кумхаил, со упатства да го свари, но никако да не јаде од него. Фион го сварил лососот, превртувајќи го одново и одново, но кога ја допрел рибата со палецот за да види дали е сварена, си го изгорел прстот на капка врела рибја маст. Фион го цицал изгорениот прст за да ја ублажи болката. Фион не знаел дека целата мудрост на лососот била концентрирана во таа една капка маст. Кога му го донел свареното јадење на Фин Есес, неговиот господар видел дека очите на момчето светкаат со претходно невидена мудрост. Фин Есес го прашал Фион дали јадел лососот. Одговарајќи не, момчето објаснило што се случило. Фин Ецес сфатил дека Фион ја примил мудроста на лососот, па му го дал остатокот од рибата да јаде. Фион го изел лососот и со тоа го стекнал целото знаење за светот. До крајот на својот живот, Фион можел да црпи од ова знаење само со гризење на палецот. Длабокото знаење и мудрост стекнати од Лососот на знаењето му овозможиле на Фион да стане водач на Фијана, познатите јунаци од ирскиот мит.

Поврзани митологии десно|мини|250x250пкс|Лушпите на скулптурата „Големата риба“ или „Лососот на знаењето“, која го слави враќањето на рибите во реката Лаган. Во ирската митологија, неколку исконски суштества кои ја персонифицираат староста и древното знаење се опишани како да имаат облик на лосос. Најзначајни се Финтан мак Бохра и Туан мак Кајрил.

Велшкиот Ханес Талиесин (16 век) има слична приказна за тоа како поетот Талиесин ја добил својата мудрост, што исто така вклучува менување на обликот во риба.

Хајнрих Цимер претпоставил дека епизодата можеби е пренесена од Скандинавија како дел од наследството на нордиските Гели. Ова е поткрепено со дополнителни индиректни докази во врска со нордиските мотиви во Финовиот циклус, вклучувајќи го и неговиот предлог дека името Фијана може да биде проследено до ирски превод на старонордискиот фјандр (, „непријатели“) > „храбри непријатели“ > „храбри (слободни) воини“ (Цимер 1891, стр. 15ff).

Во исландската „Велсуншка сага“ (крајот на 13 век), овие мотиви се повторуваат: Один, Локи и Хенир убиле видра за која подоцна откриле дека е Отр, син на џуџето Храјдмар. Богатството што Храјдмар го добивал како откуп потоа го заштитил неговиот син Фафнир, кој добил облик на црв или змеј. Во име на неговиот брат Регин, Фафнир подоцна бил убиен од Сигурд. Регин го замолил Сигурд да го свари срцето на Фафнир за да го јаде, но, како и Фион, Сигурд го пробал и стекнал знаење за говорот на птиците. Така дознал за предавството на Регин и се соочил со него. Слично на тоа, Саксо Граматик (Gesta Danorum, V.2.6-V.2.8, 12 век) опишува како Ерик стекнал елоквенција и мудрост јадејќи ја чорбата полна со змии што неговата маќеа Крака ја подготвила за неговиот полубрат Ролер.

Мотивот е добро познат во европските народни приказни и одговара на типот 673 од Арне-Томпсон ( KHM 17, видете „<i>Месото на белата змија</i>“), често е среќаван во Средна и Источна Европа, но исто така и во Шкотска, Ирска, Скандинавија, во балтичките земји, а повремено и надвор од Европа. Бидејќи и повеќето бајки и германските верзии укажуваат на варење змија, но не и лосос, се чини веројатно дека лососот е замена за првичната змија.

Во популарната култура

Во филмот од 1973 година, „Плетениот човек“ (The Wicker Man) во режија на Робин Харди, еден селанец кој се облекува како Лососот на знаењето за време на прославите на Први мај. Во 2019 година, Gilla Band од Даблин го издале „The Salmon of Knowledge“ на нивниот албум „The Talkies“, кој го зема својот наслов и дел од тематската содржина од народната приказна. Пети Смит рекол дека се сеќава на приказната за Лосос како извор на нејзиното вдахновение во детството.

Поврзано

Медовина на поезијата Халуциногени риби

Наводи

Извори

Момчеството на Фин мак Кумхал Т.В. Ролстон (ур.) The High Deeds of Finn and other Bardic Romances of Ancient Ireland, G. G. Harrap & Co., 1910, стр. 106–115. Лососот на знаењето Celtic.org . Преземено на 14 декември 2011 година. Делото на детството на Фин Мек Кумхаил Категорија:Средновековни легенди Категорија:Средновековна книжевност Категорија:Дрвја во митологијата Категорија:Лешници Категорија:Лосос Категорија:Финов циклус Категорија:Легендарни риби Категорија:Ирски легендарни суштества