Атлантски бакалар (Gadus morhua) — риба од семејството Gadidae.

Во западниот Атлантски Океан, бакаларот е широко распространет северно од Кејп Хатерас, Северна Каролина, и околу двата брега на Гренланд и Лабрадорското Море; во источниот Атлантик, се наоѓа од Бискајскиот Залив северно до Арктичкиот Океан, вклучувајќи го Балтичкото Море, Северното Море, Хебридското Море,C.Michael Hogan, (2011) Sea of the Hebrides . областите околу Исланд и Баренцовото Море.

Атлантскиот бакалар може да живее до 25 години и обично расте до 100-140 см, но има примероци од над 180 см и 50 кг кои биле уловени. Достигнуваат сексуална зрелост помеѓу две и осум години, при што ова варира помеѓу популациите.

Бојата е кафеава или зелена, со точки на грбната страна, со сребрено засенчување вентрално. Јасно е видлива лента по должината на неговата странична линија (која се користи за детектирање на вибрации). Неговото живеалиште се протега од крајбрежната линија до 300 м по должината на континенталниот гребен.

Бакаларот е еден од наловените риби во свет. Атлантскиот бакалар бил ловен илјада години од страна на северноевропските рибари кои го следеле преку Северноатлантскиот Океан до Северна Америка. Тој ги поддржувал рибарските економии на САД и Канада до 1992 година, кога канадската влада вовела забрана за риболов на бакалар. Резервите на бакалар во океаните се намалила во 1990тите (пад од 95% од максималната историска биомаса) и не успеале целосно да се опорават дури и со прекинот на риболовот. Атлантскиот бакалар е означен како ранлив на Црвената листа на IUCN на загрозени видови, според проценка од 1996 година за која IUCN забележува дека треба да се ажурира. Проценката од 2013 година што ја опфаќа само Европа покажува дека атлантскиот бакалар се опоравил во Европа и е преименуван во најмалку загрозен.

Таксономија Атлантскиот бакалар е еден од трите видови бакалар во родот Gadus, заедно со пацифичкиот бакалар и гренландскиот бакалар . Различни видови риби се колоквијално познати како бакалар, но не сите се класифицирани во рамките на Gadus, иако некои се во семејството атлантски бакалар, Gadidae.

Однесување лево|мини|Атлантскиот бакалар е демерсална риба — тие преферираат го морското дно со груби седименти.Atlantic cod NOAA FishWatch. лево|мини| Младиот атлантски бакалар ги избегнува поголемите бакалари,Trisopterus luscus и раковите на бродолом во јужниот дел на Северното Море.

Движење мини| Атлантски бакалар во движење при бродолом во Северното Море Атлантскиот бакалар е вид што се собира во јато и се движи во големи агрегации, структурирани по големина. Поголемите риби дејствуваат како извидувачи и го водат правецот на јатото, особено за време на миграциите кон брегот по мрестењето. Бакаларот активно се храни за време на миграцијата и промените во структурата на јатото се случуваат кога се среќава со храна. Јатото генерално се смета дека е без водач, при што сите риби имаат еднаков статус и еднаква распределба на ресурсите и придобивките. Сепак, некои студии сугерираат дека рибите-водечки добиваат одредени придобивки од исхраната. Поголемите извидувачи консумирале попроменлива, поголема количина храна, додека рибите што кои го следеле имале помалку варијабилна исхрана и консумирале помалку храна. Распределбата на рибите низ јатото се чини дека е диктирана од големината на рибата и, на крајот, помалите риби што заостануваат веројатно имаат корист од собирањето во јатото бидејќи се поуспешни во хранењето во јатото отколку што би биле ако мигрираат индивидуално, поради социјално олеснување.

Предаторство Атлантскиот бакалар е главен предатор во Балтикот и генерално возрасните единки не треба да се грижат да бидат подложени напредаторство. Младиот бакалар може да послужи како плен за возрасниот бакалар, кој понекогаш практикува канибализам. Младиот бакалар донесува одлуки за начинот на живот врз основа на ризикот од предаторство. Различниот начин на живот се однесува на различни средини за хранење и пливање. Без ризик од предаторство, младиот бакалар покажува преференција за пофинозрнести морско дно како што се песок и чакал-камен. Во присуство на предатор, тие бараат безбедност во просторот достапен помеѓу камењата на подлогата од калдрма.

Интензивниот риболов на бакалар во 1990-тите и падот на американските и канадските резерви на бакалар резултирале со трофични каскади. Бидејќи бакаларите се главни предатори, прекумерниот риболов го отстранил значителниот предаторски притисок врз другите атлантски видови риби и ракови. Ефектите што ја ограничуваат популацијата врз неколку видови, вклучувајќи ги американските јастози, раковите и ракчињата, од предаторството на бакаларот значително се намалиле, а изобилството на овие видови и нивниот зголемен опсег служат како доказ за улогата на атлантскиот бакалар како главен предатор.

Пливање Забележано е дека атлантскиот бакалар плива со брзина од минимум 2-5цм/с и максимум од 21-54цм/с со просечна брзина на пливање од 9-17цм/с . За еден час, регистрирани се бакаларни бројки кои покриваат должина од 99-226 метри. Брзината на пливање е поголема преку ден отколку навечер. Ова се рефлектира во фактот дека бакаларот поактивно бара храна во текот на денот. Бакаларот ја менува активноста според должината на дневната светлина, па затоа активноста варира во зависност од времето од годината.

Одговор на променливи температури Пливањето и физиолошките однесувања се менуваат како одговор на флуктуациите во температурата на водата. Експериментите со респирометрија покажуваат дека срцевиот ритам на атлантскиот бакалар драстично се менува со промени во температурата од само неколку степени. Зголемувањето на температурата на водата предизвикува значително зголемување на активноста на пливање на бакаларот. Бакаларот обично избегнува нови температурни услови, а температурите можат да диктираат каде се распределени во водата. Тие преферираат да бидат подлабоко, во постудени слоеви на вода во текот на денот и во поплитки, потопли слоеви на вода ноќе. Овие прецизно подесени промени во однесувањето на температурата на водата се поттикнати од напорот за одржување на хомеостазата за зачувување на енергијата. Ова е докажано со фактот дека намалување од само 2.5 °C предизвикува зголемување на метаболичката стапка од 15–30%.

Исхрана Исхраната на атлантскиот бакалар се состои од риби како што се харинга, капелин (во Источниот Атлантски Океан) и песочни јагули, како и мекотели, туникати, реброносци, ракови, иглокожи и морски црви.

Атлантскиот бакалар практикува канибализам до одреден степен. Во јужниот дел на Северното Море, 1–2% (по тежина) од содржината на желудникот за бакалар поголем од се состоел од млади бакаларчиња. Во северниот дел на Северното Море, канибализмот бил повисок, од 10%. Други извештаи за канибализам проценуваат дека дури 56% од исхраната се состои од млади од бакалар.

Кога ќе се изведат, ларвите на бакаларот се самохрани, целосно зависни од жолчната кесичка за егзистенција сè до отворањето на устата на ~24 дена. Желудникот генерално се развива на околу 240 дена. Пред оваа точка, цревата се главната точка на варење на храната со помош на панкреасни ензими како што е трипсинот.

Репродукција мини|Атлантски бакалар во езеро во Канада. Должина од 120-130 цм и тежок помеѓу 20-26кг. Бакалрот достигнува сексуална зрелост помеѓу две и осум години, при што ова варира помеѓу различните популации и исто така варира со текот на времето кај популацијата. Гонадиte им се развиваат неколку месеци, а повеќето популации се мрестат од јануари до мај. Местата за мрестење им се разликуваат од местата кај што се хранат, па затоа е потребно рибите да мигрираат за да се мрестат. На местото за мрестење, мажјаците и женките формираат големи јата. Врз основа на набљудувањата на однесувањето на бакаларот, системот за парење на бакаларот е хиеарархиски, кој се карактеризира со тоа што мажјаците агрегираат и воспоставуваат хиерархии на доминација, по што женките ги посетуваат и да избираат партнер за мрестење врз основа на статусот и сексуалните карактеристики. Доказите сугерираат дека мажјаците произведуваат звуци и други сексуално избрани карактеристики им овозможуваат на женките бакалар активно да изберат партнер за мрестење.

Атлантските бакалари се мрестат во серии, при што женките ќе мрестат приближно 5-20 серии јајца во одреден временски период со 2-4 дена помеѓу пуштањето на секоја серија. Секоја женка ќе мрести помеѓу 200 илјади и 15 милиони јајца, при што поголемите женки несат повеќе јајца. Јајцата и новоизведените ларви лебдат слободно во водата и пловат со струјата, при што некои популации се ја користат струјата за транспорт на ларвите до местата за одгледување.

Рибарство мини|Глобално производство на атлантски бакалар (Gadus morhua) во милиони тони од 1950 до 2022 година, според податоците на ФАО. Атлантскиот бакалар e ловен за храна илјадници години, а со доаѓањето на модерната технологија за риболов во 1950-тите години имало драстичен пораст на уловот. Количината на уловен бакалар од риболов е евидентирана од многу земји од околу 1950-тите години и се направени обиди за реконструкција на историските уловени риби стотици години наназад. ICES и NAFO собираат податоци за уловот, заедно со други податоци, кои се користат за проценка на состојбата на популацијата во однос на целите на управувањето. Рибарството во источниот Атлантик често надминува 1 милион тони годишно, при што уловот од во Североисточниот Атлантик и Исланд е најзастапен. Од 1992 година, кога стапи на сила мораториумот за бакалар во Канада, истоварувањата во западниот Атлантик се значително пониски отколку во источниот Атлантик, генерално помалку од 50.000 тони годишно.

Наводи

Категорија:Риби на Европа Категорија:CS1: долга вредност за volume Категорија:Ранливи видови според МСЗП Категорија:Животински таксони опишани од Карл Линеј