Јелка Јанкова ( во — во ) — учесник во НОВ на Македонија и носител на Партизанска споменица од 1941.
Животопис мини|Јелка Јанкова е носител на Партизанска споменица 1941, Таа била шивачка. Пред војната учествувала во напредното работничко движење во Белград и зела активно учество во штрајковите и антифашистичките манифестации што во годините пред војната биле организирани во Белград. лево|мини|Благој Јанков - Мучето - сопруг на Јелка. Во 1940 година била примена за член на КПЈ. Со капитулацијата на кралството Југославија, заедно со нејзиниот сопруг Благој Јанков-Мучето, дошле во Струмица каде активно учествувала во заднината на НОД. Од Месниот Комитет на КПЈ - Струммца била задолжена да работи на организирањето на жените во градот, а особено во 1942 година забележала извонредни резултати, кога била организирана големата антифашистичка демонстрација во Струмнца со доаѓањето на обласниот директор Димитар Раев.
Во 1942 година била затворена заедно со својата тримесечна ќерка. Со капитулацијата на Бугарија била ослободена и веднаш по враќањето активно учествувала во омасовувањето на АФЖ во Струмичко, како секретар на Градскиот комитет на АФЖ - Струмица. Носител е на Партизанска споменица од 1941 и повеќе одликувања.
Наводи
Категорија:Учесници во НОБ Категорија:Жени во НОБ Категорија:Носители на Партизанска споменица од 1941