Сузан Колинс (родена е на 10 август 1962 година) е американска авторка и телевизиска сценаристка, најпозната е како авторка на дистопискиот серијал на книги за млади и возрасни „Игрите на гладните“. Таа е исто така авторка на фантастичната серија за деца „Хрониките на подземјето“.
Кариера Колинс ја започнала својата кариера во 1991 година како писател на детски телевизиски емисии. Таа работела на неколку емисии за Никелодеон; „Клариса објаснува сè“, „Мистериозните досиеја на Шелби Ву“, „Малата мечка“, „Освалд“ и „Воа! Воа! Вубзи!“. Таа била и главен сценарист за спин-офот на PBS „Деновите на кученцата на Клифорд“. Колинс била номинирана од Здружението на писатели на Америка во категоријата анимација за ко-сценариото на критички признатиот божиќен специјал од 2001 година, „Дедо Мраз, бебе!“. Откако се запознала со детскиот автор Џејмс Проимос додека работела на детската емисија „Генерација О!“, Колинс била инсипирирана и самата почна да пишува детски книги.
Нејзината инспирација за „Грегор Оверлендер“, првата книга од бестселерот на „Њујорк тајмс“, „Подземните хроники“, ја добила од „Алиса во земјата на чудата“, кога размислувала за тоа како има поголема веројатност некој да падне во шахта отколку во зајачка дупка и да најде нешто друго освен чајанка. Помеѓу 2003 и 2007 година, таа ги напишала петте книги од „Подземните хроники“: „Грегор Оверлендер“, „Грегор и пророштвото на проклетството“, „Грегор и проклетството на топлите крвави“, „Грегор и тајните знаци“ и „Грегор и кодексот на канџата“ . Во тој период, Колинс напишала и сликовница која се римува, „Кога Чарли Мекбатон ја изгуби моќта“ (2005), илустрирана од Мајк Лестер.
Во септември 2008 година, била објавена „Игрите на гладните“, првата книга од серијалот на Сузан Колинс инспирирана од митот за Тезеј и Минотаурот и кариерата на нејзиниот татко во воздухопловните сили. Следела „Раѓање на огнот“ во 2009 година, а „Мокингџеј“ во 2010 година. Во рок од 14 месеци, 1,5 милиони примероци од првите две книги биле испечатени во Северна Америка, а „Игрите на гладните“ останале на листата на бестселери на „Њујорк тајмс“ повеќе од 60 недели. „Лајонсгејт“ ги стекнале филмските права, Колинс го напишала сценариото, а Џенифер Лоренс ја играла улогата на Катнис Евердин. Трилогијата била адаптирана во четири филма. Колинс била прогласена за една од највлијателните луѓе на „Тајм“ во 2010 година, а до 2012 година станала најпродаваната авторка на Киндл на сите времиња на „Амазон“.
На македонски јазик била издадена од издавачката куќа „Сакам книги“.
Наводи
Категорија:Американски писатели на научна фантастика Категорија:Американски писатели за деца Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1962 година