Карлос Кастанеда (поточно Карлос Кастањеда, ; — ) — перуанско-американски писател. Започнувајќи со книгата „Учењето на дон Хуан“ во 1968 година, Кастанеда напишал серијал на книги во кои го опишува традиционалниот шаманизам. Неговите книги се продадени во повеќе од 8 милиони примероци, преведени на многу јазици.
Книгите на Кастанеда, како и самиот тој, со години се контроверзни. Приврзаниците велат дека филозофијата и практиките кои се опишани во книгите се вистински техники за подигнување на свеста, додека останатите сметаат дека книгите се измислица. Сепак, неговата трета книга со наслов „Патот во Икстлан“ е призната како негова докторска дисертација, на УКЛА, универзитетот Лос Анџелес, Калифорнија.
Во книгите, Кастанеда раскажува во прво лице еднина, затоа што тие претставуваат негови лични искуства додека бил ученик на индијанскиот шаман од племето Јаки, господинот Хуан Матус (Кастанеда го именува со шпанскиот збор за господин — „дон“), кого го сретнал во 1960 година, додека студирал антропологија. Кастанеда во своите книги вели дека Дон Хуан Матус ја забележал неговата енергетска конфигурација која соодветствува на онаа на еден „нагуал“, чиј дух може да стане водач на група пророци. Тој го користи терминот нагуал да го означи делот на перцепцијата кој се наоѓа во границите на непознатото, но сепак дофатливо за човекот, тврдејќи дека, во неговата група пророци, Дон Хуан е на некој начин врската со непознатото. Кастанеда честопати ова непознато го нарекува „невообичаена реалност“, што покажува дека тоа е всушност реалност, но дијаметрално спротивна на вообичаената реалност која луѓето, кои се длабоко понесени од секојдневните активности, ја доживуваат.
Животопис Малку се знае со сигурност за животот на Кастанеда, затоа што самиот тој давал контрадикторни податоци за своето потекло. Сепак, се смета дека е роден на 25 декември, според едни извори во 1925 година во Кахамарка, Перу,The Scribner Encyclopedia of American Lives, Volume 5: 1997—1999. Charles Scribner’s Sons, 2002. а според дуруги, тој е роден во 1931 година, во Саун Пауло, Бразил. Во 1950-те години се преселил во Америка, а во 1957 година добил државјанство. Во 1960 година, се жени со Маргарет Рунјан во Мексико. Заедно живееле само шест месеци, а се развеле дури во 1973 година. Се школувал на Универзитет на Калифорнија, Лос Анџелес (УКЛА), отсек антропологија, каде во 1973 година се стекнал со титула — доктор по филозофија.de Mille, Richard, Castaneda’s Journey, The Power and the Allegory (Lincoln: iUniverse.com, Inc., 2001 ) 27.
Првите три книги на Кастанеда Учењето на дон Хуан, Одвоена стварност и Патот во Икстлан,се пишувани додека Кастанеда бил студент по антропологија на УКЛА. Книгите се пишувани додека Кастанеда учел за индијанското знаење од човекот кого го нарекува дон Хуан Матус, Јаки Индијанец од северен Мексико. Како докторска дисертација е прифатена неговата трета книга — Патот во Икстлан.
Во март 1973 година, во списанието „Тајм“ се појавува статија за Кастанедаcover article 5 март 1973 (Vol. 101 No. 10). Тоа е една од ретките статии, затоа што Кастанеда сè до 1990-те години избегнувал јавно да се појавува.
Сепак, продолжува со објавување на своите книги, кои стануваат сè попопуларни. Вкупно има 12 книги, од кои две се печатени посмртно.
Во 1990-тите години, Кастанеда решава повторно да се појави во јавност, овој пат за да ги промовира движењата наречени Тенсегрити, за кои тој тврдел дека се практикувани од 25 генерации на толтечки шамани. На 16 јуни 1995 година, е формирана корпорацијата Клиаргрин, која организира семинари и работилници за Тенсегрити, и ги препечатува книгите на Кастанеда. Клиаргрин издава и три видео касети со Тенсегрити. Кастанеда не се појавува на видео снимките.
Се смета дека Кастанеда умрел на 27 април 1998 година во Лос Анџелес, по компликации од рак. Без никаква погребна церемонија, Кастанеда е кремиран, а пепелта е испратена во Мексико.Castaneda Obituary All Things Considered, 19 јуни 1998 Според учениците и приврзаниците на Кастанеда, тој го напуштил овој свет заедно со своето тело.
Метафизички аспекти
Вештерките Во 1973 година, откако Кастанеда се повлекол од јавноста, купил куќа во Лос Анџелес каде живеел со три жени, познати како „Вештерките“. Откако се преселиле во куќата на Кастанеда, Вештерките ги прекинале сите контакти со роднините и пријателите. Исто така, одбивале да се фотографираат, и зеле нови имиња: Флоринда Донер - Греј (родена Регина Тал), Тајша Абелар (родена Марјан Симико) и Керол Тигс (родена Кетлин Полман). Сите три се појавувале на семинарите по тенсегрити, објавиле книги во кои се претставуваат себеси како ученички на дон Хуан, и повремено на радио давале интервјуа.
Според Кореј Донован (попознат како Ричард Џенингс), создавачот на мрежното место Sustained Action: „Употребата на термиот Вештерки за трите жени за кои Кастанеда тврдеше дека исто така работеле кај дон Хуан датира од раните деведесетти години, кога беа објавени книгите на две од нив, во кои ги опишуваа своите искуства со дон Хуан и неговата група. Овие три жени се Флоринда Донер Грау, Таиша Абелар и Карол Тигс. Сите три се појавија, а понекогаш и држеа предавања на многуте Тенсегрити работилници кои започнаа во јули 1993 година, а Флоринда и Таиша се појавија за време на потпишување на книгите и повремено држеа предавања или даваа интервјуа на радио.
Кратко по смртта на Кастанеда, Флоринда и Тајша исчезнале заедно со Патриција Партин (позната и како „Синиот скаут“). Талија Беј (претседателката на корпорацијата Клиаргрин, родена Амалија Маркез) и инструкторката по тенсегрити Кили Лундал ги исклучиле телефоните и исто така исчезнале. На 2 август 1998 година, Керол Тигз се појавила на една работилница во Охајо, и оттогаш никој ништо не чул за „Вештерките“. Луѓето задолжени за давање информации во јавноста од Клиаргрин, изјавиле дека тие се „на пат“, и толку. Постои спекулација дека сите извршиле самоубиство.The dark legacy of Carlos Castaneda page 4 from Salon magazine 12 април 2007
Поради тоа што овие жени ги прекинале сите врски со семејствата и пријателите, поминало доста време додека некој забележал дека ги нема. Не е покрената официјална истрага за изчезнувањата на Донер Грау, Симко и Ландал. Луис Маркез, братот на Талија Беј, го пријавил во полиција исчезнувањето на неговата сестра во 1999 година, но не успеал да ги убеди дека е потребна истрага. Тие го смениле мислењето во 2006 година, откако беа пронајдени смртните останки на Патриција Патрин и конечно полициската единица од Лос Анџелес ја стави Талија во базата на податоци за исчезнати лица.
Чакмули Овој извадок од брошура за работилницата „Тенсегрити“ бил објавен во Нагуалистичкиот билтен во 1995 година.
Дон Хуан кажа дека огромните фигури што се спуштаат наречени Чакмули, од пирамидите во Мексико, се претставувања на чувари. Тој рече дека празнината во нивните очи и лица се должи на тоа дека тие се чувари на сонот, кои ги чуваат сонувачите и местата на сонување.
Следејќи ја традицијата на Дон Хуан, Кајли Ландал, Рени Мурез и Нии Мурез ги нарекуваме Чакмули. Инхерентната енергетска поставеност на нивните суштества им дава единствена цел, вистинска жестокост и смелост, што значи дека тое се совршени чувари на сè што ќе одберат да го чуваат, без оглед дали е личност, идеја, начин на живот или што било.
На нашата видео снимка, овие три чувари ги демонстрираат техниките на Тенсегрити бидејќи тие се најквалификувани за таа задача, бидејќи сите три ја завршија огромната задача да се соберат четирите посебни нишки на магични патеки пренесени од Дон Хуан и неговиот народ.
— Карлос Кастанедаhttp://www.sustainedaction.org/_nagualist/_NNL5/whats_a_chacmool.htm The Nagualist Newsletter and Open Forum, Issue February 5 / March 1995</blockquote>
Синиот извидник Во книгата Уметноста на сонувањето, Кастанеда зборува за една средба за време на сесија луцидно сонување со наводно свесно битие заробено од други неоргански суштества. Заробеното битие е наречено Син извидник, бидејќи неговата енергија била синикава и е енергетски извидник (што значи дека е надвор од вистинската состојба). Синиот извидник очигледно бил мамка употребена од неорганските суштества за да го заробат и Кастанеда. Но, наместо тоа, тие (Кастанеда и Синиот извидник) избегале со наводно соединување на нивните енергии.
Наводниот резултат од соединувањето на нивните енергии е следењето на Синиот извидник на Кастанеда до нашиот свет. Освен тоа, Кастанеда тврдел дека му дал на Синиот извидник човечко тело со тоа што ѝ помогнал на Карол Тигс да го роди.
На различни јавни настани беше носено и вистинско девојче, кое Кастанеда и Тигс го претставувале како Синиот извидник, а Тигс се нарекувала нејзина мајка. Сето ова е многу чудно, бидејќи девојчето беше Патриција Патрин која имаше вистинки биолошки родители.
Посмртните останки на Патрин беа пронајдени во 2003 година, во близина на нејзиниот напуштен автомобил кој беше пронајден неколку недели по смртта на Кастанеда во 1998 година, на работ на Долината на смртта. Нејзините останки беа во состојба за која беше потребна ДНК идентификација, која беше направена во 2006 година.
Контроверзност Судски мерки
Отповикување на реклама На 22 ноември 1995 година, Кастанеда преку својот адвокат Дебора Друз, поднел жалба против Виктор Санчес и Беар&Компани.Background on Castañeda's Lawsuit Against Victor Sanchez by Corey Donovan, retrieved 3 септември 2008 Жалбата се однесувалае на нарушување на заштитни знаци, лажни или неточни реклами, нелојална конкуренција и измама.
Отповикување на тестамент Четири месеци по смртта на Кастанеда, Ц.Ј. Кастанеда, исто така познат како Адријан Вашон, според чиј извод од книгата на родените е син на Карлос Кастанеда, го отповика тестаментот на Кастанеда во Суд за наследство. Долги години Кастанеда го именувал Вашон како свој син. Но, тестаментот бил потпишан само четири дена пред смртта на Кастанеда, па затоа Вашон ја отповикал неговата валидност. Ова на крајот завршило со неуспех.Mystery Man's Death Can't End the Mystery; Fighting Over Carlos Castañeda's Legacy By Peter Applebome, NY Times, 19 август 1998, retrieved 3 септември 2008
Нагуал Нагуал е термин од книгите на Кастанеда кој го користи со двојно значење: нагуал е човек кој има способност да ги води другите кон нови состојби на свеста. Таков е учителот на Кастанеда — дон Хуан Матус, а „нагуал“ е и самиот Кастанеда.
Од друга страна, „нагуал“ е и непознатата страна или димензија на реалноста, а негова спротивност е „тонал“ или секојдневниот свет.
Рекапитулација
Рекапитулација е термин кој Кастанеда го користи во неколку книги, а за првпат го споменува во книгата „Орловиот подарок“, печатена во 1982 година. Една од жените од дружината на дон Хуан, му ја објаснува на Кастанеда целта и процесот на рекапитулацијата. Тоа е процес на „детално присеќавање на целиот свој живот“, а наградата е да се отстранат сите ограничувања на егото.Castaneda Carlos, The Eagle’s Gift, p. 287—288, isbn 978-0671732516 Преку процесот на рекапитулација, човек се ослободува од сите емоции, со тоа што повторно ќе ги проживее.
Намера
Трагање и сонување се два метода кои се користат за да се постигне некоја намера. Трагачот (оној што користи трагање) вежба да ја постигне намерата преку наоѓање начини, а во соработка со духот, додека сонувачот, тоа го постигнува преку вообличување на своето „сонувачко тело“.
Библиографија Карлос Кастанеда има напишано и објавено 12 книги, од кои две се објавени посмртно: Учењето на дон Хуан (1968) Одвоена стварност (1971) Патот во Икстлан (1972) Приказни за моќта (1974) Вториот круг на моќта (1977) Орловиот подарок (1981) Внатрешниот оган (1984) Моќта на тишината (1987) Уметноста на сонувањето (1993) Магични движења (1998) Активната страна на бесконечноста (1999) Тркалото на времето (2000)