Окрузи во Македонија — поранешни првостепени единици во ДФ/НР Македонија, во периодот 1945-1947.

Историја Окрузите биле основани на 30 август 1945 година, согласно Законот за територијална поделба на Федерална Македонија на окрузи. Со тоа, македонската држава била поделена на четирите окрузи: Битолски, Велешки, Скопски, Штипски, како и Град Скопје кој добил посебен статус на округ. Согласно Законот на административна територијална поделба на Народна Република Македонија, од 3 јануари 1947 година, окрузите биле укинати и дотогаш второстепените околии станале првостепени админинистративни единици.

Список на окрузи Следи список на окрузите и околиите кои влегувале во нивни состав:

Битолски Округ со околиите: Битолска Околија Бродска Околија Демирхисарска Околија Кичевска Околија Крушевска Околија Мариовска Околија Охридска Околија Прилепска Околија Ресенска Околија Струшка Околија

Велешки Округ со околиите: Валандовска Околија Велешка Околија Гевгелиска Околија Кавадарска Околија Неготинска Околија Светиниколска Околија

Скопски Округ со околиите: Гостиварска Околија Дебарска Околија Драчевска Околија Ѓорчепетровска Околија Козјачка Околија Кривопаланечка Околија Кумановска Околија Маџарска Околија Теаречка Околија Тетовска Околија

Штипски Округ со околиите: Беровска Околија Кочанска Околија Кратовска Околија Радовишка Околија Струмичка Околија Царевоселска Околија Штипска Околија

Поврзано Општини во Македонија

Наводи