Ѓорушице, црно око — тетовска чалгиска староградска песна, која раскажува за копнежот на Кочо Богоевиќ, познат како Симбиљ Кочо, кон Ленка Ѓорушица.
Историја на настанувањето
Песната настанала околу 1870 година. Го опишува копнежот на богатиот трговец Симбиљ Кочо, женет за Тофана, кон Ленка, невеста на Ѓоруш. Испеана е од Трајанка од тетовската населба Колтук. Веднаш била прифатена од жителите на Тетово, заради убавиот ритам и чувствителната тема.
Изведби
Песната Ѓорушице, црно око се наоѓа на албумот Тетовски староградски бисери на тетовската група Серенада, издаден 1986 г. од тогашен Југотон, сега Кроација – Рекордс.
Тетовската група Шербет исто така ја има снимено оваа песна на својот ЦД наречен Спомен, издаден 2018 г. од Студио ЛЦВ.
Таа е на репертоарот и на повеќе пејачи на народни песни од Македонија и Србија.
Текст
Ај, Ѓорушице, црно око, ај, промени се, наќити се. Ај, па излези на ќушето.
Ај там' ќе пројде Симбиљ Кочо, ај ќе ти рече добро вечер. Ај, ти му речи дојди вечер.
Ѓузлери каракаши јандиаман, оф аман. Ѓузлери каракаши јандиаман, оф аман.
Ај, дојди вечер пред вечера, ај, дури не смо вечерале. Ај, шимшир порти затвориле.
Ѓузлери каракаши јандиаман, оф аман Ѓузлери каракаши јандиаман, оф аман
Наводи
Надворешни врски Ѓорушице, црно око
Категорија:Тетовски староградски песни