Меден колач ( — „ѓумбиров леб“) — широка категорија на печива, кои обично се ароматизирани со ѓумбир, каранфилче, морско оревче и цимет, а се засладуваат со мед, шеќер или меласа.

Овие медени колачи можат значително да се разликуваат по својата густина — од мек и сочен лебен колач до крцкав меден бисквит.

Историја Се тврди дека медениот колач бил донесен во Европа во 992 г. од ерменскиот монах Григориј Никополски (познат и како Григориј Макар и Грегоар де Никопол).

Тој го напуштил Никопол (во денешна Западна Грција) за да живее во Бондароа (Северно-средна Франција), во близина на градот Питивје. Останал таму седум години, до неговата смрт во 999 г., и за тоа време ги поучил француските христијани како да печат меден колач. Можно е овој колач да бил донесен во Западна Европа од Источниот Медитеран во XI век.

Наводи

Надворешни врски

Gingerbread at the Open Directory Project Dundee gingerbread through the ages The world’s largest gingerbread town Категорија:Колачи Категорија:Божиќна кујна __СОСОДРЖИНА__ __ИНДЕКС__