мини|Стариот мост во Дуско|300x300пкс Копачко (, Купацохорија или Κοπατσοχώρια, Копацохорија) — историско-географска и етнографска област во Егејска Македонија, денес во Грција. Ги опфаќа селата во западниот дел на Гребенско, во подножјето на Пинд, околу Орљачка Планина и Венетик.
Потекло и значење на името Името на областа потекнува од словенскиот збор копач, односно копач-земјоделец, што се однесува на занимањето на населението. Според повеќето истражувања, поимот доаѓа од влашкото купаци (kupatsi), со значење „даб“. Друго слично мислење е дека купач е од турско потекло и се однесува на грмушеста вегетација во дабовите шуми.
Географија Областа се наоѓа во југозападна Егејска Македонија, источно од венецот Пинд, северно од Хасија, јужно од Горуша и западно од р. Бистрица и Бунаса, на надморска височина од 800 до 1.250 м. Така, на запад, копачките села се граничат со влашките села повисоко на Пинд, односно Самарина, Периволи, Смикси, Авдела и Турија, на надморска височина од 960–1.650 м, а на исток со Гребенско Поле, на надморска височина од 533 м.
Историја Во античко време, овој предел ѝ припаѓал на Горна Македонија, на древната област Тимфаја. Тука се наоѓале изворите на Венетик, најголема притока на Бистрица, и на Гребенска Река. Оваа област, во голема мера, совпаѓа со подрачјето на Копачко.
Жителите на оваа област по потекло се погрчени Власи (наречени Копачари), кои уште од поодамна го примиле грчкиот јазик и култура. Ова го потврдува Густав Вајганд, кој забележувајќи влашки заемки во месниот дијалект, заклучил дека жителите на Копачко се хеленизирани. Панајот Аравантинос („Χρονογραφία της Ηπείρου“) ги врбојува копачките села во областа Влах Кол „регион на Власите“, иако во својата монографија за Власите од 1864 г. истите не ги смета за влашки. Во своите записи од почетокот на XX век, Алан Вејс и Морис Томпсон наведуваат дека најпрвин Власите во пониските делови се погрчени, каде се занимавале со земјоделство, а дека сточарите на планините најдолго ја задржале својата национална самосвест.
Во текот на XIX и XX век, населението активно учествувало во грчките национални борби. Зело учество во востанието во Југозападна Македонија во 1878 г., а подоцна и во Борбата за Македонија преку поддршката на андартите. Најпознат деец од овој крај е Теодорос Зјакас (1798–1882), грчки офицер и револуционер, учесник во Грчката војна за независност.
Почнувајќи од XVII век, дел од населението е постепено исламизиран, но го задржал својот мајчин јазик и христијански обичаи. Овие муслимани биле познати како Валахади. Во 1923 г. сето муслиманско население е иселено во Турција по сила на Лозанскиот договор. Жителите се иселени во различни делови на државата, особено во Источна Тракија (Кумбургас, Бујук Чекмеџе, Чаталџа). Според истражување на Кемал Јалчин, муслиманите од Враштино и Хисар (вкупно 120 семејства) се иселени во селото Хоназ кај Денизли.
Стопанство Во минатото, жителите биле прилично сиромашни и се занимавале со земјоделство и сточарство. Полуномадското сточарство се развило веќе од средината на XIX век, следејќи го моделот на соседните влашки села.
Населени места Копачко опфаќа 45 населени места, сите во денешната Општина Гребен. Понекогаш се вбројуваат и неколку околни села.
+Населено местоГрчкиНаселение (2021)Агии ТеодориΆγιοι Θεόδωροι160БишовоΚυπαρίσσι31БураΔοξαράς190ВоденскоΠολυνέρι58ВравоништаΚαληράχη95ВраштиноΑναβρυτά18ДелвиноΠρόσβορο50ДобраниΈλατος153ДускоΔοτσικό21ЖитовоΣιταράς10ЗаловоΤρίκωμο56ЗигостΜεσόλακκος30ЛевтохорΕλευθεροχώρι39КритадесΑιμιλιανός30КаламачΚαλαμίτσι32КалокиΚαλόχι32КипурѓоΚηπουριό125КиракалиΚυρακαλή109КозматΚοσμάτι91ЛабаницаΜικρολίβαδο26ЛавдаΛάβδα27ЛебиновоΔιάκος0ЛепеницаΠεριβολάκι16ЛочишноΛαγκαδάκια—ЛунциΚαλλονή13МавранΜαυραναίοι106МавроноресΜαυρονόρος83МесоловоΜεσολούρι24МанашΑνθρακιά51МонахитΜοναχίτι73ПалеохорΠαλαιοχώρι188ПалеохорΣταυρός34ПљасаΜελίσσι—ПигадицаΠηγαδίτσα79РадушнитаΜέγαρο301РјаховоΠαρώρειο7СаракинΠανόραμα165СниховоΔεσπότης13СпилиоΣπήλαιο194ТистаΖιάκας120ТузΑλατόπετρα48ФалΦελλί760ФилипиштаΦιλιππαίοι27ХисарΚάστρο11ЦурјакаΑετιά6
Поврзано
Тимфаја Гребен (округ)
Наводи
Категорија:Историско-географски области во Македонија Категорија:Егејска Македонија Категорија:Гребен (округ)