The Wolf Among Us 2 (македонски: Волкот меѓу нас 2) — претстојна епизодна авантуристичка игра развиена од Telltale Games и AdHoc Studio, а објавена од Telltale Games. Играта е непосредно продолжение на играта The Wolf Among Us од 2013 г., при што дејството се одвива шест месеци по настаните од претходната игра. Развој Развојот на The Wolf Among Us 2 го водат реформираната Telltale Games и AdHoc Studio, во чии екипи се вклучени многу поранешни вработени на изворната Telltale, како и членови на екипата од првиот дел (2013). AdHoc Studio е одговорно за раскажувачките и кинематографските гледишта, додека Telltale се занимава со останатото. Клучните членови на творечката екипа се сорежисерите Ник Герман и Денис Ленарт, како и композиторот Џаред Емерсон-Џонсон. Глумците Адам Харингтон (Бигби Волк) и Ерин Ивет (Снежана) се вратиле во своите улоги. Иако изворната Telltale размислувала за продолжение по 2014 г., развојот бил прекинат кога компанијата ненадејно се затворила во септември 2018 г.
Во август 2019 г., компанијата LCG Entertainment ги купила средствата и го обновила развојот под трговското име Telltale Games, со извршниот директор Џејми Отили што нагласил дека развојот е целосно обновен без користење на претходни нацрти. Новото студио ја избрала The Wolf Among Us 2 за свој прв проект бидејќи таа била една од најуспешните игри на претходната Telltale. Клучно за новата филозофија е тоа што сите епизоди се развиваат истовремено, со цел да се избегне прекумерна работа и да се овозможи воведување нови механики што биле технички ограничени во првата игра. Филмот се гради врз погонот Unreal Engine 5 (по преминот од Unreal Engine 4), а сценаристите се стремат да создадат приказни што ќе бидат самостојни и лесно разбирливи за новите играчи.
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Игри за PlayStation 5 Категорија:Игри за PlayStation 4 Категорија:Игри за Windows Категорија:Игри за Xbox One Категорија:Игри за Xbox Series X/S Категорија:Продолженија на видеоигри Категорија:Игри на Unreal Engine 5 __СОСОДРЖИНА__ __ИНДЕКС__