Стеван Булајиќ (Вилуси, во близина на Никшиќ, 22 јули 1926 – Сараево, 25 јуни 1997 година) бил српски, црногорски и босанско-херцеговачки писател и сценарист.

Биографија Стеван Булајиќ бил роден во Вилуси, во близина на Никшиќ, на 22 јули 1926 година, од татко Миљко и мајка Љубица. Основно училиште завршил во Сараево, каде сè до окупацијата на Босна и Херцеговина во 1941 година посетувал и средно училиште. Штом избувнала војната, Булајиќ со своите родители и браќа се вратил во родниот град каде што веќе на 13 јули 1941 година учествувал во Народноослободителното востание, заедно со неговиот постар брат Ѓорѓе и помладиот брат Вељко. Сите тројца биле ранети во борбите, а Ѓорѓе им подлегнал на раните.

Во војната, на седумнаесетгодишна возраст, Булајиќ ја напишал својата прва песна. Ослободувањето на земјата го дочекал како офицер. Во тоа време, тој веќе ги пишувал своите први раскази. Неговата прва книга била „Воени новели“, а подоцна го објавил својот прв, хумористичен роман „Патување без возен ред“, а потоа и книгите раскази „Лов до море“ и „Траг во магла“ . Пишувал и сценарија за филмови, меѓу другото, за филмовите „Козара“ и „Битка на Неретва“.

Бил уредник во весниците „Ослобоѓење“, „Мале новине“, „Чичак“ и „Задругар“.

Неговите дела се преведени на повеќе светски јазици. Добитник е на повеќе награди и признанија за литературно творештво.

Војната во Босна и Херцеговина ја поминал во Сараево, каде што починал во 1997 година.Biografija: Stevan Bulajić, site: djecija-knjiga.ba (Приступљено 14. 4. 2019.)

Негови главни дела му се збирките раскази Лов до морето (1961), Трага во маглата (1973), изборот Споменик (1976); раскази за деца Мојот дедо ловец (1954), романи за млади Извидници на видриното езеро (1954), Крилестиот караван (1955), Нив шеесет (1956), Земја без ќотек (1958), Небесниот морнар (1960), Шалајко (1974) и Дукљан и волкот (1978).

Наводи

Категорија:Црногорски писатели Категорија:Југословенски писатели Категорија:Никшиќани Категорија:Родени во 1926 година Категорија:Починати во 1997 година