Основно училиште „Елпида Караманди“ (официјално: Подрачно основно општинско училиште „Елпида Караманди“ - Цапари; скратено: ПООУ „Елпида Караманди“) — подрачно основно училиште во битолското село Цапари, во состав на истоименото училиште од градот Битола, Општина Битола.

Училиштето е именувано по македонскиот народен херој, Елпида Караманди.

Местоположба

Училиштето се наоѓа во источниот дел на селото Цапари кај последните куќи од селото.

Историја

Во минатото, училиштето било именувано по македонскиот партизан Трајан Белев.

До 2005 година работело како самостојно основно училиште ЦОУ „Трајан Белев“, додека во периодот 1944-1977 година училиштето било именувано како „Кирил и Методиј“.

Галерија

Наводи

Категорија:Основни училишта во Општина Битола Категорија:Цапари Цапари