Општина Дуње, именувана и како Месен народен одбор Дуње ― поранешна општина во Македонија, која постоела во периодот 1913-1941 и 1945-1955 година.
Историја 1913-1915 Општина Дуње за прв пат била основана во 1913 година, за време на Кралството Србија. Населени места во општината биле Вепрчани, Гуѓаково, Дуње, Кален, Кокре, Крушевица, Пештани, Писокал и Чаниште. Општината била дел од Прилепскиот Срез, Битолски Округ.
1915-1918 Општина Дуње продолжила да постои за време на Царството Бугарија, односно окупацијата во Првата светска војна. Општината територијално останала иста и била дел од Прилепската Околија, Битолски Округ.
Кралство СХС/Југославија За време на новата држава Кралство СХС (подоцна под името Кралство Југославија), Општина Дуње продолжила да постои во рамки на Прилепскиот Срез, и почнувајќи од 1929 година, во Вардарската Бановина. Таа се состоела од населените места: Вепрчани, Гуѓаково, Дуње, Кален, Кокре, Крушевица, Пештани и Чаниште.
1945-1955 Месниот народен одбор Дуње бил основан во 1945 година. Тој бил дел од Мариовската Околија, Битолски Округ, и негово составно населено место било селото Дуње. Во 1947 година, според новата административна поделба, Месниот народен одбор Дуње не претрпел територијални промени. МНО Дуње тогаш припаѓал во Прилепската Околија. Во 1950 година, според новата административна поделба, Месниот народен одбор Дуње бил проширен на сметка на соседниот и укинат МНО Кален со неговите села Кален, Кокре и Пештани, како и укинатиот МНО Вепрчани со селото Вепрчани. Согласно административната поделба од 1952 година, сега со називот, Општина Дуње била проширена на сметка на соседниот и укинат МНО Крушевица со селата Крушевица и Чаниште, како и на укинатиот МНО Царевиќ со селото Гуѓаково. Согласно административната поделба од 1955 година, Општина Дуње била укината и нејзината општинска територија припаднала на новата Општина Мариово.
Население Според пописот од 1913 година, Општина Дуње имала 3,231 жител, односно вкупното население на Вепрчани, Гуѓаково, Дуње, Кален, Кокре, Крушевица, Пештани, Писокал и Чаниште.
Според пописот од 1921 година, Општина Дуње имала 2,227 жители. Според верската припадност, сите биле православни. Според јазичната припадност, сите биле Срби/Хрвати.
Според пописот од 1931 година, Општина Дуње имала 2,504 жители, од кои 1,331 биле мажи, а 1,173 биле жени. Општината се состоела од 505 куќи и 504 домаќинства.
Според пописот од 1948 година, Месен народен одбор Дуње имал 594 жители, односно вкупното население на Дуње. Од таа бројка, 583 биле Македонци, 9 биле Роми, 1 бил неопреден муслиман, додека 1 бил Русин.
Според пописот од 1953 година, Општина Дуње имала 3,217 жители, односно вкупното население на Вепрчани, Гуѓаково, Дуње, Кален, Кокре, Крушевица, Пештани и Чаниште.
Следува табела според народностите во пописот од 1953 година:
Народност Вкупно Македонци 3,211Срби 2Турци 1Црногорци 1 Останати Словени 1
Поврзано Список на населени места во Вардарска Македонија по општина (1913-1915) Список на општини во Вардарска Бановина по население (1931) Список на општини во Македонија по население (1948) Список на општини во Македонија по население (1953)
Забелешки
Наводи
Дуње Дуње Дуње Дуње Категорија:Мариовска Околија Категорија:Прилепска Околија