Месен народен одбор Дејловце ― поранешна општина во Македонија, која постоела во периодот 1945-1952 година. Центар на општината било селото Дејловце.

Историја Месниот народен одбор Дејловце бил основан во 1945 година. Тој бил дел од Козјачката Околија, Скопски Округ, а негови составни населени места биле Дејловце, Длабочица и Осиче. Во 1947 година, според новата административна поделба, Месниот народен одбор Дејловце бил намален на сметка на соседниот и проширен Месен народен одбор Арбанашко кој го добил селото Длабочица. МНО Дејловце тогаш припаѓал во Кумановската Околија. Во 1950 година, според новата административна поделба, Месниот народен одбор Дејловце не претрпел територијални промени. Согласно административната поделба од 1952 година, МНО Дејловце бил укинат на сметка на проширената Општина Арбанашко која ги добила селата Дејловце и Осиче.

Население Според пописот од 1948 година, Месен народен одбор Дејловце имал 505 жители. Од таа бројка, 504 биле Македонци, додека 1 бил Србин. Година1948Населено местожителиДејловце397Длабочица—Осиче108Вкупно505

Поврзано

Список на општини во Македонија по население (1948)

Наводи

Дејловце Дејловце Дејловце Категорија:Козјачка Околија Категорија:Кумановска Околија