Тарн — департман во регионот Окситанија во Јужна Франција. Именуван по реката Тарн, во 2019 година имал население од жители. Неговата префектура и најголем град е Алби. Има една потпрефектура, Кастр. Неговиот INSEE и поштенски број е 81.
Историја Тарн е еден од првичните 83 департмани создадени за време на Француската револуција на 4 март 1790 година, преку примена на Законот од 22 декември 1789 година. Создаден е од дел од поранешната покраина Лангедок и ги опфаќа епархиите Алби и Кастр (кои биле споени во 1817 година). лево|мини|Кастр е најпознат во француската политичка историја како родно место на социјалистичкиот лидер Жан Жорес. Новиот департман имал пет окрузи (арондисмани): Алби, Кастр, Лавор, Гајак, Лакон. Главните градови (сега префектури) биле, наизменично, Алби и Кастр, но од 1790 до 1797 година, главен град бил само Алби; во 1797 година, главниот град бил преместен во Кастр. Во 1800 година, Алби повторно станал главен град на департманот и биле создадени окрузите; департманот имал четири окрузи: Алби, Кастр, Гајак и Лавор. Во 1926 година, окрузите Гајак и Лавор биле укинати.
Според законот од 28 пливиоз, 5-та година, департманите Еро и Тарн си ги замениле кантоните Англес (кој бил дел од епархијата Сен Понс, но кој денес е во Тарн) и Сен Жерве сир Мар (кој бил дел од епархијата Кастр, но кој денес е дел од Еро).
Географија лево|мини|Топографска карта на департманот Тарн Тарн е дел од регионот Окситанија и има површина од 5.757,9 квадратни километри. Департманот е опкружен со пет департмани, и сите му припаѓаат на регионот Окситанија: Еро на југоисток, Од на југ, Аверон на север и исток, Горна Гарона на југозапад и запад, како и Тарн-е-Гарона на северозапад. Тој е еден од двата француски департмани целосно опкружени со други департмани од истиот регион.
Наклонот на департманот е од исток кон запад, а неговиот општ карактер е планински или ридест. Трите главни планински венци на Тарн што се протегаат на југоисток се: планините Лакон, Сидобр и Монтањ Ноар, кои припаѓаат на Севените.
Каменитите и ветровити падини на планините Лакон (Monts de Lacaune) се користат за пасишта. Највисоката точка на планинскиот масив и на департманот е Пуеш Монгран, висока 1.267 м, а има уште неколку други врвови со не многу помала висина. Гранитните висорамнини на Сидобр, од високи 490 до 610 м, ја одделуваат долината на реката Агу од долината на нејзината западна притока, реката Торе. Монтањ Ноар, на југозападната граница на департманот, го добила своето име од шумите на неговата северна падина. Нејзината највисока точка е Пик де Нор висока 1.211 м.
Подножјето од варовник и песочник е обраснато со лози и овошни дрвја, а е испрекинато со длабоки алувијални долини со посебна плодност. Со исклучок на мал дел од Монтањ Ноар, кој се влева во реката Од, целиот департман припаѓа на сливот на Гарона.
Демографија Во 2019 година Тарн имал население од 389.844 жители, со густина на населението од 67,7 жители/ км2.
Еволуција на населението Движење на населението од 1801 година:
Поважни градови Најнаселената општина е префектурата Алби. Од 2019 година, има 10 општини со повеќе од 6.000 жители: Комуна Население (2019) Алби 48.902 Кастр 42.079 Гајак 15.265 Гроле 12.844 Лавор 10.879 Мазаме 9.996 Кармо 9.782 Сен-Силпис-ла-Поант 9.336 Сен-Жуери 6.694 Лабригиер 6.506
Администрација
Административни поделби Во Тарн има 2 окрузи, 23 кантони и 314 општини. Округ INSEE код Главен град Население (2019) Површина ( км2 ) Густина (жители/ км2 ) Општини Алби 811 Алби 193.307 2.732 163 Кастр 812 Кастр 196.537 3.026 151
Туризам
Наводи
Надворешни врски
Departmental Council website Prefecture website Discover Tarn – Comité Départemental du Tourisme du Tarn Photos of the Tarn
Категорија:Централен Масив Категорија:Држави и територии настанати во 1790 година Категорија:Департмани во Окситанија Категорија:Тарн Категорија:Статии со извори на француски (fr) Категорија:Координати на Википодатоците