Јакутија, офиц. „Република Саха (Јакутија)“ (; ) е федерален субјект на Русија (република).
Географија Граници: внатрешни: Чукотски автономен округ (И), Магаданска област (И/ЈИ), Хабаровски крај (ЈИ), Амурска област (Ј), Забајкалски крај (Ј), Иркутска област (Ј/ЈЗ), Краснојарски крај (З). вода: Северноледен Океан (вклучувајќи ги Лаптевско Море и Источносибирско Море) (север). Највисока точка: Победа (3.003 м), Мус-Каја (2959 м или 3.011 м) Maксимално ратојание С->Ј: 2.500 км Maксимално растојание И->З: 2.000 км
45% од Јакутија е прекриена со тајга, а северните делови се со тундра.
Часовен појас Јакутија има 3 различни појси: left|75pxЈакутски појас (YAKT/YAKST). UTC+09:00 (YAKT)/+1000 (YAKST). Западно од реката Лена. left|75pxВладивосточки појас (VLAT/VLAST). UTC+10:00 (VLAT)/+1100 (VLAST). Помеѓу 127° ИГД и 140° ИГД. left|75pxMагаданска часовен појас (MAGT/MAGST). UTC+11:00 (MAGT)/+1200 (MAGST). Источно од 140° IGD.
Реки Најголема река и воедно пловна е реката Лена (4.310 км), а други поголеми реки се:
Виљуј (2.650 км) притока на Лена Оленјок (2.292 км) Алдан (2.273 км) притока на Лена Колјма (2.129 км) Индигирка (1.726 км) Алазеја (1.590 км) Амга (1.462 км) притока на Алдан Ољокма (1.320 км) притока на Лена Марха (1.181 км) притока на Виљуј Тјунг (1.092 км) притока на Виљуј Маја (1.053 км) притока на Алдан Анабар (939 км) Јана (872 км) Моркока (812 км) притока на марха Учур (812 км) притока на Алдан Линде (804 км) притока на Лена Њуја (798 км) притока на Лена Селењах (796 км) притока на Индигирка
Езера Има некаде повеќе од 700 езера во Јакутија, од кои најголеми се: Моготојево Езеро Неџели Непричје Виљујско Езеро
Планини Најголеми планини во Јакутија е Верхојанските Планини, кој се протега напоредно со реката Лена. На југот се наоѓаат и Становојските Планини.
Природни богатства јакутија е богата со нафта, гас, јаглен, дијаманти, злато, сребро, калај, волфрам и мн д-р. 99% од вкупните руски рудници на дијаманти се наоѓаат во Јакутија, односноa 25% од вкупнoто светско произвоство.
Клима Јакутија е позната по својата екстремна клима. Најладната температура во северната полутопка е измерена во Студениот Пол во Верхојанск, −67.8 °C во 1892 г, и Ојмјакон, каде температурата била пониска од −67,7 °C во 1933 г.
Просечна јануарска температура: −28 °C (брег) до −47 °C (Студен Пол). Просечна јулска температура: +2 °C (брег) до +19 °C (централни делови). Врнежи: 200 мм (централни делови) до 700 мм (источните планини во Јакутија).
Народности Според разните пописи (1936-2002) етничката структура во Јакутија изгледа вака:
1939 1959 1970 1979 1989 2002 Јакути 233.273 (56,5%) 226.053 (46,4%) 285.749 (43,0%) 313.917 (36,9%) 365.236 (33,4%) 432.290 (45,5%) Долгани 10 (0,0%) 64 (0,0%) 408 (0,0%) 1.272 (0,1%) Евенки 10.432 (2,5%) 9.505 (2,0%) 9.097 (1,4%) 11.584 (1,4%) 14.428 (1,3%) 18.232 (1,9%) Евени 3.133 (0,8%) 3.537 (0,7%) 6.471 (1,0%) 5.763 (0,7%) 8.668 (0,8%) 11.657 (1,2%) Јукагири 267 (0,1%) 285 (0,1%) 400 (0,1%) 526 (0,1%) 697 (0,1%) 1.097 (0,1%) Чукчи 400 (0,1%) 325 (0,1%) 387 (0,1%) 377 (0,0%) 473 (0,0%) 602 (0,1%) Руси 146.741 (35,5%) 215.328 (44,2%) 314.308 (47,3%) 429.588 (50,4%) 550.263 (50,3%) 390.671 (41,2%) Украинци 4.229 (1,0%) 12.182 (2,5%) 20.253 (3,0%) 46.326 (5,4%) 77.114 (7,0%) 34.633 (3,6%) Други 14.723 (3,6%) 20.128 (4,1%) 27.448 (4,1%) 43.695 (5,1%) 76.778 (7,0%) 58.826 (6,2%)
Галерија
Наводи
Надворешни врски
Управа на Јакутија Собрание на Јакутија SakhaNews — информативен портал Експлоатирање на минералните богатства на Јакутија Историски фотографии Фотографии од Јакутија
Категорија:Републики во Русија
Категорија:Држави и територии настанати во 1922 година Категорија:Далечен Исток (Русија) Категорија:Источносибирско Море