Супермен () — американски долгометражен суперхеројски филм, заснован на стриповите на издавачката куќа DC Comics за истоимениот лик.
Тоа е првиот филм во медиумската франшиза „Вселената на DC“, која претставува обнова на серијата филмови за Супермен. Производството ја презела компанијата DC Studios, а распределбата — Warner Bros. Pictures.
Режисер и сценарист на филмот е Џејмс Ган. Улогата на Кларк Кент / Супермен ја толкува Дејвид Коренсвет; во филмот глумат и Рејчел Броснахан, Николас Холт, Еди Гатеги, Ентони Кериган, Нејтан Филион и Изабела Мерсед.
Според заплетот, откако Лекс Лутор го спроведува својот план и ја насочува јавноста против Супермен, тој ќе мора да докаже дека е заштитник на светот. Премиерата на филмот во САД била на 11 јули 2025 г., а во Македонија на 10 јули истата година.
Содржина Пред 30 години, Џор-Ел и Лара го испраќаат своето дете Кал-Ел на планетата Земја за да избега од војната што се случува на планетата Криптон. Кал-Ел е одгледан од неговите посвоители, Џонатан и Марта Кент, во малото гратче Смолвил, а неговото име станува Кларк Кент. Кларк добива неверојатна моќ од сончевата светлина. Кларк ја гледа прошталната порака на неговите криптонски родители и решава да им помага на луѓето под маската на Супермен.
Три години подоцна, како Кларк Кент, тој работи за месната новинска компанија со својот пријател Џими Олсен. Кларк исто така е во врска со својата колешка од работа, Лоис Лејн.
Улоги
|Дејвид Коренсвет |Кларк Кент / Супермен |- |Рејчел Броснахан |Лоис Лејн |- |Николас Холт |Лекс Лутор |- |Еди Гатеги |Мајкл Холт / Мистер Терифик |- |Ентони Кариган |Рекс Мејсон / Метаморфо |- |Нејтан Филион |Гај Гарднер / Зелениот Фенер |- |Изабела Мерсед |Кендра Сондерс / Хокгерл |- |Марија Габриела де Фарија |Анџела Спика / Инженерката |- |Сара Сампајо |Ив Тешмахер |- |Скајлер Гисондо |Џими Олсен |- |Теренс Роузмор |Отис |- |Шон Ган |Максвел Лорд |- |Мили Алкок |Кара Зор-Ел / Супердевојката
Наводи
Надворешни врски
Матична страница
__СОСОДРЖИНА__ __ИНДЕКС__
Категорија:Американски филмови Категорија:Филмови од 2025 година Категорија:Филмови на англиски јазик Категорија:Американски суперхеројски филмови Категорија:Филмови на Warner Bros. Категорија:Филмови за Супермен Категорија:Американски научнофантастични филмови