Меморијален музеј на ОЗНА или Спомен-куќа на ОЗНА — музеј и спомен-куќа во селото Горно Врановци, Македонија.
Музејот бил посветен за работата на контраразузнавачката служба ОЗНА во периодот на Демократска Федерална Македонија. Истиот повеќе не работи и куќата е во лоша состојба.
Историја
Куќата заедно со останатите спомен-куќи во Горно Врановци била реновирана и на 11 октомври 1984 година биле отворени како музеи од страна на тогашниот член на претседателството на СФРЈ, Лазар Мојсов.
Куќата е во сопственост на Министерството за внатрешни работи и најмалку од 2010 година е затворена за јавноста.
Архитектура
Спомен-куќата има еден кат, оградена е со висок ѕид.
Галерија
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Горно Врановци ОЗНА