Енканто: Нашиот волшебен свет ( — „волшебност“) — американски компјутерски-анимиран музички фантастичен филм од 2021 г., снимен од студијата Walt Disney Pictures и Walt Disney Animation Studios. Ова е 60-тиот анимиран филм на студиото Disney, режиран од Бајрон Хауард и Џаред Буш, заедно со сценаристката Чариз Кастро Смит. Продуценти на филмот се Кларк Спенсер и Ивет Мерино, додека автор на песните и соавтор на приказната е Лин-Мануел Миранда. Во озвучувањето на филмот учествувале Стефани Беатрис, Џон Легвизамо, Марија Сесилија Ботеро, Дајан Гереро, Џесика Дероу, Енџи Сепеда и Вилмер Валдерама.

По неговото објавување, Енканто: Нашиот волшебен свет добил признание од критичарите за разработката на ликовите, музиката, анимацијата, гласовната глума, емоционалната длабочина и културната автентичност. Критичарите се согласиле дека волшебниот реализам и меѓугенерациските проблеми го сочинуваат срцето на филмот. Во разни објави, анимираниот филм бил наречен „културен феномен“. Во 2022 г., на 94. церемонија на доделување на наградите „Оскар“, филмот ја добил наградата во категоријата „Најдобар анимиран филм“.

Премиерата на филмот во САД била на 24 ноември 2021 г., а во Македонија на 25 ноември истата година.

Содржина Анимирана приказна за необичното семејство Мадригал, кое живее скриено во една волшебна куќа во планините на Колумбија, на прекрасно и шармантно место наречено Енканто. Волшепството на Енканто го благословило секое дете во семејството со единствен дар, од суперсила до моќ за исцелување, секое дете освен едно — Мирабел. Но кога открива дека волшепството што го опкружува Енканто е во опасност, Мирабел сфаќа дека таа, единствената „нормална“ Мадригал, би можела да биде последната надеж на своето извонредно семејство.

Мирабел е симпатична, смешна, малку несмасна петнаесетгодишна девојка што носи очила и не се одвојува од својата хармоника. Таа е единствената во семејството чие секојдневие не е обоено со волшепство, бидејќи, како што велат нејзините пријатели и семејството — можеби дарот малку ја избегнува.

Озвучување

|Стефани Беатрис |Мирабел |- |Марија Сесилија Ботеро (говор) Олга Мередис (пеење) |Абуела Алма |- |Џон Легвизамо |Бруно |- |Мауро Кастиљо |Феликс |- |Џесика Дероу |Лујза |- |Енџи Сепеда |Џулиета |- |Каролина Гаитан |Пепа

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Американски филмови Категорија:Филмови на англиски јазик Категорија:Филмови од 2021 година Категорија:Американски 3D-филмови Категорија:Американски фантастични филмови Категорија:Американски музички филмови Категорија:Американски комедии