Егејската мачка () — природна, автохтона раса на домашна мачка со потекло од Кикладските острови во Грција и западна Турција. Се смета за природна мачка, која се развива без човечка интервенција. Развојот на егејската мачка како формална раса започнала во раните 1990-ти од страна на одгледувачи во новоформираната грчка фелинолошка заедница, но сортата сè уште не е признаена од ниедна поголема фелинолошка организација. Се смета за единствената автохтона грчка сорта на мачка.

Историја Егејската мачка, како што сугерира и самото име, потекнува од Кикладските острови во Егејското Море, каде што се јавува како природна автохтона раса. Егејските мачки се сметаат за една од најстарите припитомени раси на мачки, при што мачките биле воведени на островите за време на бронзенато доба. Тие се чести како диви мачки во Грција и Турција, каде што се можат да се најдат меѓу рибарските пристаништа барајќи храна. Во Грција, егејските мачки се сметаат за национално богатство. Дивите егејски мачки се значајни грабливци на егејските ѕидни гуштери во Кикладите.

Егејските мачки како домашни миленици лево|мини|Седуммесечно припитомено егејско маче може да достигне големина и физичка состојба како неговите возрасни роднини од континентална Европа. Иако егејското маче почнало систематски да се одгледува неодамна, тоа било припитомувано со векови и затоа е многу добро адаптирано на луѓето. Тоа е друштвено милениче кое доста добро толерира живот во стан. Интелигентно е, активно, живо, а исто така и комуникативно, не се двоуми да го привлече вниманието на луѓето.

Карактеристики на егејската мачка Егејските мачки се мачки со средна големина, мускулести, полудолговлакнести. Крзното е двобојно или тробојно, при што една од боите е скоро секогаш бела. Белата обично зафаќа помеѓу 25% и 90% од телото. Бојата на нивното крзно може да вклучува многу други бои и шари. Нивните шепи се со средна големина и имаат тркалезна форма. Опашката може да биде долга и „кукаста“. Ушите имаат широка основа и заоблени врвови и се покриени со коса. Очите имаат облик на бадем, а нивната боја може да биде која било нијанса на зелена, сина и жолта.

Егејските мачки се познати по нивниот афинитет кон водата и риболовот. Бидејќи на расата ѝ било дозволено да се развива преку природна селекција, а не преку селективно размножување, егејските мачки се ослободени од повеќето мачкини генетски болести.

Наводи

Категорија:Мачешки раси Категорија:Киклади