Хипокампус (преку латински од грчкиот ιππόκαμπος, „морски коњ“) — главна компонента на мозокот кај луѓето и другите ‘рбетници. Луѓето и другите цицачи имаат два хипокампуса, по еден на секоја страна од мозокот. Хипокампусот е дел од лимбичкиот систем и игра важна улога во консолидирањето на информациите од краткорочното памптење во долгорочната меморија и во просторната меморија што овозможува навигација.

Хипокампусот се наоѓа во алокортексот, со нервни проекции кон неокортексот кај луѓето, како и кај приматите. Хипокампусот, како и медијалниот палиум, е структура што се наоѓа кај сите 'рбетници. Кај луѓето, тој содржи два главни меѓусебно поврзани делови: самиот хипокампус (исто така наречен Амонов рог) и забестиот гирус.

Врска со лимбичкиот систем Поимот лимбичен систем во 1952 година го вовел Пол Меклин за да го опише збирот структури што се граничат со работ на кортексот (латински limbus што значи граница). Ова ги вклучува хипокампусот, цингуларниот кортекс, олфакторниот кортекс и амигдалата. Пол Меклин подоцна посочил дека лимбичките структури ја образуваат невронската основа на емоциите. Хипокампусот е анатомски поврзан со делови од мозокот вклучени во емоционалното однесување - септумот, со хипоталамусното мамиларно тело и предниот јадрен комплекс на таламусот, и општо е прифатено дека е дел од лимбичкиот систем.

Наводи

Категорија:Мозок Категорија:Невроанатомија Категорија:Зборови што ги нема во ТРМЈ Категорија:Латинизми