Свети Пантелејмон Варлаамски () — црква во градот Костур, Егејска Македонија. Влегува во состав на Костурската епархија на Цариградската патријаршија. Има улога на парохиски храм.

Според натписот на апсидата, црквата била подигната во 1857 г. Во 1991 г. црквата е прогласена за заштитен споменик на културата.

Градбата претставува камена трикорабна базилика. Изградена е од делкани камени блокови одделени со појаси од керамични плочи. Корабите се поделени со дрвени столбови.

Храмот има забележителен резбан иконостас од 1877 г. Во царскиот ред се поставени иконите (од југ кон север): Св. Илија, Преображение Господово, Христос Голем Архијереј, Св. Ѓорѓи и Св. Теодор, Св. Пантелејмон, Пресв. Богородица, Св. Јован Претеча, Св. Атанасиј и Св. Тома. Живопис има единствено во проскомидската ниша, каде е претставена сцената „Христос-Жртва“.

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Цркви во Костур Категорија:Цркви во Костурската епархија Категорија:Споменици на културата во Костур Категорија:Појавено во 1857 година