Јохл Икнал (мајански и шпански: Yohl Ikʼnal), позната и како Дама Кан Ик и Дама Канал Икнал, (починала на 7 ноември 604 година) била кралица на мајанскиот град-држава Паленке . Таа го презела престолот на 23 декември 583 година и владеела до нејзината смрт.
Семејство Јохл Икнал била баба или прабаба на Кинич Ханаб Пакал I, најголемиот крал на Паленке. Таа била потомок на Кук Бахлам I, основачот на династијата Паленке и дошла на власт во рок од една година по смртта на нејзиниот претходник, Кан Бахлам I. лево|мини|200x200пкс| Кинич Ханаб Пакал I, внук или правнук на Јохл Икнал Таа била првата жена-владетел во запишаната историја на Маите и една од ретките жени владетели познати од историјата на Маите кои носеле целосна кралска титула . Таа најверојатно го презела престолот поради исклучително необични околности, чии детали не се познати денес. Таа била една од двете жени што владеелр со Паленке, втората била нејзината ќерка или внука Сак Кук и веројатно била или сестра или, поверојатно, ќерка на Кан Бахлам, кој не оставил машки наследник. Нејзиниот сопруг или син бил Ханахб Пакал .
Владеење За време на владеењето на Јохл Икнал, Паленке претрпел важен пораз од Калакмул, една од двете големи мајански сили од класичниот период. Битката се случила на 23 април 599 година, но Јохл Икнал владеела уште неколку години и починала во 604 година. По поразот, Паленке очигледно го задржал својот политички идентитет, но Јохл Икнал веројатно морал да му оддаде почит на ахавот од Калакмул . Постојат индикации дека или Јохл Икнал или нејзиниот наследник успешно се побуниле против доминацијата на Калакмул пред 611 година.
Археологот Мерле Грин Робертсон претпоставил дека засводената гробница под Храмот 20 во Паленке е на кралицата Јол Икнал. Таа се сметала за доволно важна за да биде прикажана двапати на саркофагот на нејзиниот внук или правнук Кинич Ханаб Пакал I и да биде извајана во штуко на ѕидот од неговата гробница.
Литература
Категорија:Починати во 604 година Категорија:Родени во 6 век Категорија:Владетели на Паленке