Сипаливини (холандски: Sipaliwini) е најголемиот округ во Суринам, кој се наоѓа на јужниот дел на земјата. Сипаливини е воедно и единствениот округ кој нема административен главен град, бидејќи е директно под управа на владата во Парамарибо. Округот Сипаливини вклучува спорни области, односно Суринам тврди дека југозападниот дел на Гвајана е дел од Суринам, како и југоисточниот дел на Француска Гијана.
Историја Сипаливини како округ е создаден во 1983 година , има население од 37.065 жители и површина од 130.567 квадратни километри. Округот е речиси 4 пати поголем од сите другите 9 окрузи на Суринам. Како и да е, поголемиот дел од Сипаливини е речиси целосно покриен со дождовна шума. За да се создаде округот, округот Никери бил намален за околу 65.000 квадратни километри. Сипаливини е област населена од локални племиња, односно Маруни и друго староседелско население . Различни мировни договори, од 1686 година па навака, им признавале автономија на племињата во нивната сопствена област; но недостасувало одредено разграничување на племенската област. Името буквално значи „река од камења или карпи“.
Археолозите сметаат дека ловците-собирачи живееле во денешната област Сипаливини за време на палеолитскиот период. Регионот во голема мера бил недопрен за време на колонијалниот период, бидејќи Холанѓаните што го контролирале Суринам се плашеле од Португалците во Бразил, и дури во 20 век започнале развојните проекти.
Од 2004 година, во областа имало 41 училиште . Планирано е зголемување на бројот на училишта, бидејќи некои деца мора да патуваат на долги растојанија пеш или со брод до соседните села. Медицинската нега ја обезбедува Медише Зендинг .
Администрација До 2011 година, Сипаливини бил управуван од еден окружен комесар со седиште во Парамарибо. Во годините што следеле, за секој посебно ресорт бил назначен окружен комесар.
Ресорти мини|250x250пкс| Ресортите во Сипаливини Сипаливини е поделен на 7 ресорти ( ressorten): Округ Глен народ Бовен Копенаме Квинти и Тиројоанци Бовен Сарамака Матаваи Бовен Суринам Сарамаканци Куруни Тиројоанци Кабалебо Араваци и Вараоанци Парамака Парамакани Тапанахони Ндјукани
Наводи
Категорија:Окрузи во Суринам