мини|Музејска поставка што ги прикажува остатоците на витез од XVI век, наводно заѕидан во замокот Аренсбург (Куресаре). Заѕидување — вид смртна казна при која човек бил ставан во ѕид што се гради или бил опкружуван со глуви ѕидови од сите страни, по што умирал од глад или дехидрација (ако погубениот бил ставен во просторија со доволен обем или со доток на воздух). Ова го разликува од закопување жив, каде што човекот умира од задушување.
Заѕидувањето се споменува во легендите, фолклорот (на пример, во романската балада „Мајстор Маноле“) и книжевноста. Често овој вид казна се споменува во финските легенди, на пример, за девојка што неправедно била обвинета за велепредавство. Таа била заѕидана во ѕидот на замокот Олафсборг, кај кој, според легендата, израснала јасен со бели цветови како нејзината невиност и црвени бобинки како крвта.
На Балканот се раширило верувањето дека тврдина или мост ќе стојат долго ако во нив се заѕида жив човек (најчесто невеста или млада сопруга на еден од градителите).
Казна Првите траги од оваа практика се наоѓаат во Стара Грција. Таа е јасно спомната во митот за Антигона и приказната за смртта на Павсаниј. Во Стариот Рим, тоа бил многу редок начин на погубување применуван врз весталките што го прекршувале својот завет за невиност, како Реја Силвија, или дозволувале да згасне огнот што го чувале.Elizabeth Abbott, , Fides, 2001 (француски) Тие биле спуштани во мала ќелија со маслена ламба и малку храна за да им се продолжи маката. Познат случај, опишан од Плиниј Помладиот, се однесува на мачењето на весталката Корнелија, неправедно осудена од царот Домицијан. Понекогаш се користел изразот „живо закопана“, иако не станувало збор за непосредно закопување во земја.
Во средновековието, осудата на заѕидување, односно да се биде „заробен во ѕидови“, обично била истозначник за затвор на неопределено време. Постоел „тесен ѕид“, што бил самица, и „широк ѕид“, со статус споредлив со денешниот домашен притвор. Во случај на семејна жалост, болест или за време на верски празници, затворениците можеле да добијат дозволи што ги поминувале дома. „Моќта за ублажување на казните често се применувала“, истакнува Хенри Чарлс Ли, при што затворската казна била претворана во обврска за аџилак, најчесто во Светата Земја, или во осуда на парична казна. Меѓутоа, постоело и заострување на „тесниот ѕид“, наречено carcer strictissimus, каде осуденикот бил врзан со синџири во самица и лишен од секаков контакт до неговата смртDidier Le Fur, , Tallandier, стр. 40 (француски)
Наводи
Надворешни врски
Во историјата на заѕидувањето, начинот на погубување што ги закопувал жртвите живи (англиски)
Категорија:Начини на погубување Категорија:Причини за смрт Категорија:Жртвување __СОСОДРЖИНА__ __ИНДЕКС__