Долно Езеро (понекогаш членувано како Долното Езеро; ) — планинско езеро на планината Рила, Бугарија. Езерото е едно од Седумте Рилски Езера и лежи на надморска височина од 2.095 метри, со што е најниското во групата.
Зафаќа површина од 59 декари и има најголема длабочина од 11 метри. Долго е 330 м и широко 260 метри. Вкупната водна зафатнина изнесува 240.000 кубни метри.Радучев, Живко. Рила. Географски речник. С., Наука и изкуство, 1984, с. 87.
Езерото е заобиколено со стрмни падини на јужните и источните страни, а западните и северните брегови се обраснати со кривули и смреки. Во Долното Езеро се собира истекот од горните езера, образувајќи го горниот тек на р. Џерман.
Покрај западниот брег минува планинарската патека од домот „Вада“ до домот „Седумте Езера“.
Поврзано
Седум Рилски Езера
Наводи
Категорија:Езера на Рила