Ник Волтемаде (роден на 14 февруари 2002, во Бремен) — германски фудбалер, напаѓач на , на заем од , и на германската репрезентација.

Технички карактеристики Централен напаѓач со импозантна физичка структура, но во исто време брз и поседува одлични технички вештини, поради што може да игра и на други позиции во нападот како втор напаѓач, крило, па дури и како офазивен играч од средниот ред. Има одлично чувство за гол и може да обезбеди голем број асистенции благодарение на неговата способност да комбинира со своите соиграчи, користејќи ја пред се својата физичка фигура за добро поставување и за спуштање на топката. Поради неговиот импозантен раст, го добил прекарот „Џинот од Бремен“.

Клупска кариера Почетоци Роден во Бремен, Волтемаде ја започнал својата кариера во мултиспортскиот клуб од неговиот роден град, Волтмерсхаузен, каде првично играл и ракомет, покрај фудбалот. Во 2010 година, тој се преселил во младинската академија на Вердер Бремен. Таму, постојано привлекувал внимание со својте настапи за младинските тимови: во сезоната 2018–2019, тој постигнал 18 гола и 8 асистенции во 24 натпревари за тимот на Вердер под 17 години во Бундеслигата У17.

Вердер Бремен Откако во сезоната 2019-2020 постигнал седум гола во осум натпревари за тимот на Вердер под 19 години, Волтемаде бил повикан за првпат во првиот тим од тогашниот тренер на „зелено-белите“ Флоријан Кофелт за натпреварот од Бундеслигата против Бајер Леверкузен на 26 октомври 2019 година. И покрај тоа што останал само неискористена резерва во тој натпревар, тој потоа постепено бил воведен во првиот тим и редовно тренирал со професионалците, а на почетокот на 2020 година, за време на зимската пауза тој бил дел од тренинг кампот на клубот во Мајорка.Carsten Sander: Werder Bremen: Mit U19-Talent Nick Woltemade gegen Düsseldorf! (Artikel auf deichstube.de vom 12. Januar 2020, abgerufen am 2. Februar 2020) Своето деби за првиот тим на Вердер Бремен го имал на 1 февруари 2020 година, во натпреварот на гости против Аугсбург загубен со 2-1, станувајќи најмладиот играч кој дебитирал во Бундеслигата во историјата на Вердер Бремен со 17 години, 11 месеци и 16 дена. Својата прва професионална сезона во кариерата ја завршил со 5 настапи во првенството и уште еден во Купот на Германија.

Во сезоната 2020-2021, Волтемаде одиграл уште 6 натпревари во Бундеслигата, забележувајќи ја својата прва асистенција за голот на Дави Зелке во поразот со 1-2 на домашен терен од Штутгарт. По завршувањето на сезоната, Вердер испаднал во Втора Бундеслига. Во сезоната 2021-2022, во вториот ранг на натпреварување, Волтемаде го направил своето деби на 24 јули 2021, во ремито 1-1 против Хановер на Везер. Во текот на сезоната, тој имал проблеми со повреда поради која пропуштил голем број натпревари и спротивно на очекувањата забележал само 7 настапи, главно како замена за стартните напаѓачи Никлас Филкруг и Марвин Дукш, помагајќи за враќањето на клубот во врвната дивизија.

Во август 2022 година, тој бил позајмен до крајот на сезоната 2022-2023 на новопромовираниот клуб во германската трета лига, Елверсберг. Своето деби за клубот го направил на 4 септември 2022, влегувајќи како замена на полувремето на местото на Кевин Кофи во ремито без голови на гостувањето кај Мепен. Својот прв гол во професионалната кариера го постигнал на 8 ноември, погодок со кој му донел победа на Елверсберг на гостувањето кај Бајројт (0-1). Под водството на тренерот Хорст Штефен, Волтемаде имал плодна сезона играјќи 31 првенствен натпревар (25 како стартер), на кој постигнал 10 гола и додал 9 асистенции, помагајќи му на клубот да обезбеди промоција и да се пласира во Втората Бундеслига. Последователно, тој бил избран за играч на сезоната во Третата лига во гласањето на навивачите.Fan-Voting hat entschieden: Woltemade zum Spieler der 3. Liga gewählt, kicker.de, 23 мај 2023, Постено на 5 јули 2023.

За сезоната 2023-2024, Волтемаде се вратил во Вердер Бремен. Werder vor Start in die Sommervorbereitung , werder.de, 2. јули 2023, Постено на 2 јули 2023. Својте први голови (два) за Вердер ги постигнал на 4 мај 2024 година, во натпреварот од Бундеслигата на домашен терен против кој завршил 2-2. Сезоната ја завршил со 30 настапи и 2 гола, а откако одбил продолжување на соработката, по истекот на неговиот договор во летото 2024, тој го напуштил Вердер после 14 години поминати во клубот.

Штутгарт На 20 мај 2024 година, Волтемаде потпишал четиригодишен договор со . Дебитирал за клубот на 24 август 2024, во поразот со 3-1 на гостувањето кај во рамките на првото коло од Прва Бундеслига 2024-2025, заменувајќи го Крис Фирих во 81-вата минута од натпреварот. Три дена подоцна, во својот прв старт за клубот го постигнал и првиот гол за „швабите“, во убедливата победа со 5-0 над второлигашот Пројсен Мјунстер во првото коло на Купот на Германија. По тешкиот почеток во кој морал да „преголтне“ неколку разочарувања како што биле изоставањето од списокот со играчи за Лигата на шампионите и честите започнувања на натпреварите од клупата, младиот напаѓач започнал полека да пробива во почетната постава на Штутгарт во текот на ноември. На 10 ноември, го постигнал својот прв гол во лигата со дресот на Штутгарт, во поразот на домашен терен од (2-3), а во следниот натпревар против (добиен со 2-0) за првпат се нашол во почетната постава на Штутгарт во некој натпревар од Бундеслигата. На 6 декември, за време на натпреварот на домашен терен против , Волтемаде влегол од клупата за резерви на полувремето при негатива на неговата екипа од 0-2 и со два постигнати гола во период од само осум минути го инспирирал враќањето во натпреварот на „швабите“ кои на крајот направиле пресврт и победиле со 3-2.

По зимската пауза, во јануари 2025, тој продолжил да игра во одлична форма, постигнувајќи голови во домашните победи над (2-1) и Фрајбург (4-0). На 2 април 2025, повоторно против Лајпциг, овојпат во полуфиналето на Купот на Германија, Волтемаде го постигнал вториот гол за Штутгарт во победата со 3-1, помагајќи му на клубот да стигне до финалето на натпреварувањето за првпат после 12 години. На 13 април 2024, тој го добил првиот црвен картон во својата кариера, за време на натпреварот од првенството против неговиот поранешен клуб Вердер Бремен. Сепак, враќајќи се по суспензијата, на почетокот на мај тој одиграл одлично помагајќи му на Штутгарт да оствари три победи, постигнувајќи гол во секоја од нив, стигајќи до бројката од 12 голови со колку го завршил првенството. Конечно, на 24 мај 2025, во финалето на Купот на Германија против , Волтемаде го постигнал првиот гол во победата на Штутгарт со 4-2, освојувајќи го и својот прв поважен трофеј во кариерата. Сезоната ја завршил со вкупно 33 одиграни натпревари и 17 постигнати гола, и бил најдобар стрелец во Купот на Германија со 5 постигнати гола.

Њукасл Јунајтед и Јувентус

По неговата пробивна сезона со Штутгарт, Волтемаде станал една од главните трансферни мети на германскиот шампион , кој сакал да обезбеди замена за Хари Кејн. Нивните понуди, од кои последната вредела околу 60 милиони евра, биле одбиени од Штутгарт, кој поставил минимална цена од 75 милиони евра. На 30 август 2025 година, во последните денови од преодниот рок, Волтемаде потпишал шестгодишен договор со клубот од Премиер лигата на Англија, , во трансфер кој претставувал клупски рекорд и според извештаите изнесувал 75 милиони евра, плус дополнителни 5 милиони евра во бонуси.

Со заминувањето на Калум Вилсон и неизвесноста околу иднината на Александер Исак во клубот, позицијата напаѓач била една од приоритетите на Њукасл за време на преодниот рок. Нивните главни цели, кои клубот не успеал да ги ангажира, како што биле Жоао Педро, Иго Екитике и Бенјамин Шешко, по стилот на игра се разликувале од Волтемаде, но менаџерот на тимот Еди Хау изјавил дека напаѓачот „одговара на профилот на играч што точно го баравме за да ги засилиме нашите напаѓачки опции“. Исак на крајот го напуштил Њукасл на 1 септември, во последниот ден од преодниот рок, а Јоан Виса бил ангажиран како негова директна замена. Откако Виса се здобил со сериозна повреда уште пред да дебитира, Волтемаде станал прв избор на тимот во нападот.

Волтемаде започнал одлично во Њукасл, постигнувајќи 5 гола на првите 6 натпревари на кои бил стартер. На 13 септември дебитирал за тимот и постигнал гол во победата со 1–0 против Вулверхемптон Вондерерс во Премиер лигата. На 1 октомври, го постигнал својот прв гол во Лигата на шампионите во гостинската победа со 4-0 против Јунион Сен Жилоаз. Со тоа станал првиот играч на „страчките“ кој постигнал гол и на својот прв старт во Премиер лигата и на својот прв старт во Лигата на шампионите. На 5 октомври, со голот постигнат од пенал во победата со 2–0 против Нотингем Форест, Волтемаде станал третиот играч кој постигнал гол на своите први три натпревари на Сент Џејмсис Парк, по Лес Фердинанд и Алан Ширер. На 14 декември, тој постигнал автогол во поразот со 1–0 од , во првото дерби на Тајн и Вер во Премиер лигата по 2016 година. По таа црна епизода, следниот викенд се вратил во форма, постигнувајќи ги двата гола во ремито 2–2 против Челси.

Формата на Волтемаде опаднала во вториот дел од сезоната, при што постигнал само два гола во сите натпреварувања. Во февруари 2026 година, по повредата на задната ложа на Бруно Гимараеш, Хау започнал да го користи Волтемаде во поповлечени позиции, додека Антони Гордон или Вилијам Осула играле како напаѓачи.

Во летото 2026 година, со промената на клупата во Њукасл каде Матијас Јаисле го заменил Хау, новиот тренер барал уште пофизички напорен стил на игра. На 1 септември, по пристигнувањето на Матијас Фернандес-Пардо во последниот ден од преодниот рок, Њукасл се согласил да го пушти Волтемаде на позајмица во италијанскиот клуб Јувентус за сума од 3,5 милиони фунти. Своето деби за „бјанконерите“ го направил на 6 септември 2026, влегувајќи како замена на местото на Даглас Луис во дербито на домашен терен против Милан кое завршило со резултат 1-1.

Репрезентативна кариера Волтемаде ја претставувал Германија во неколку младински категории: под 16, под 17, под 20 и под 21 година.

На 22 мај 2025, тој го добил првиот повик во сениорската репрезентација, правејќи го своето деби на 4 јуни, во полуфиналето од Лигата на нации против .

По дебито за сениорите, тој бил повикан во репрезентацијата под 21 година за да учествува на Европското првенство во категоријата одржано во Словачка. Таму, тој постигнал хет-трик во првиот натпревар на Германија на првенството против Словенија завршен со резултат 3-0. Тој, исто така, постигнал гол и во вториот натпревар од групата против Чешка (добиен со 4-2), како и во победите над Италија во четвртфиналето (3-2) и Франција во полуфиналето. Во финалето, Германија загубила од Англија со 3-2 по продолженија, но Волтемаде го завршил првенството како најдобар стрелец со 6 постигнати гола.

На 13 октомври 2025, тој го постигнал својот прв гол за сениорската репрезентација во победата со 1–0 над Северна Ирска, во квалификациите за Светското првенство 2026. На 14 ноевмри 2025, повторно во натпревар од споменатиот квалификациски циклус, тој ги постигнал двата гола за Германија во успехот со 0-2 на гостувањето кај . Откако одиграл 6 натпревари и постигнал 4 гола во квалификациите, на 21 мај 2026, тој бил повикан од селекторот Јулијан Нагелсман во составот од 26 играчи кои ја претставувале Германија на Светското првенство 2026 во САД, Канада и Мексико. Својот единствен настап на турнирот го имал во шеснаесттинафиналето против Парагвај, кога влегол од клупата на местото на Лерој Сане при резултат 1-1, а откако резултатот не се променил до крајот на натпреварот и на ред дошле пеналите, неговиот удар од белата точка бил одбранет од парагвајскиот голман Орландо Хил.

Хронологија на репрезентативните настапи

Статистика Клупска статистика Статистиката е ажурирана на 29 јуни 2025.