Андреј Ѓорѓиески (Скопје, 9 февруари 1982 — Кочани, 16 март 2025) — македонски музичар и продуцент, познат како член на дуото ДНК.
Образование и кариера
Ѓорѓиески завршил основно и средно музичко училиште. Студирал на Музичката академија во Скопје каде го запознал Владимир Блажев Панчо.
Во 2001 година, Панчо и Ѓорѓиески ја основале групата ДНК. Првиот албум Пази дете го објавиле во 2005 година.
Бил музички уредник на телевизијата К-15 и продуцент на шоуто „Мојата ѕвезда” која наоѓала музички таленти по Македонија.
Негов брат е Александар Ѓорѓиески, глумец во Македонскиот народен театар во Скопје.
Смрт и наследство
Починал рано наутро на 16 март 2025 при пожар за време на настапот во ноќниот клуб „Пулс” во Кочани.
Бил погребан на 20 март на гробиштата „Бутел” во Скопје.
Бил оженет со Наталија со која имал една ќерка.
Наводи
Категорија:Починати во 2025 година Категорија:Македонски пејачи Категорија:Македонски уредници Категорија:Македонски продуценти