Турција создава околу 30 милиони тони цврст комунален отпад годишно; годишната количина на отпад создаден по глава на жител изнесува околу 400 килограми. Според „Атлас на отпадот“, стапката на покриеност со собирање отпад во Турција е 77%, додека стапката на несоодветно отстранување на отпадот е 69%. Иако земјата има силна законска рамка во однос на утврдувањето заеднички одредби за управување со отпад, процесот на примена се смета за бавен уште од почетокот на 1990-тите.
Преглед мини| Управувањето со комуналниот отпад е во надлежност на општините како регионален пристап кон управувањето. мини| Комуналниот отпад се собира редовно, според распоредот. Системот за управување со отпад во Турција не е приоритетна област на политиката. Сепак, земјата употребува неколку практики за управување со отпад, вклучувајќи санитарни депонии, инсинерација (само за опасен отпад), стерилизација, компостирање и други напредни методи за отстранување како што се пиролиза, гасификација, како и плазмична гасификација. Најчестиот метод за отстранување на отпадот во земјата, особено за комуналниот отпад, е депонирањето. Комуналниот отпад се собира редовно и според распоредот. Градската општина и другите општини се одговорни за обезбедување услуги за собирање, пренос, сепарација, рециклирање, отстранување и складирање на отпад.
Турција користи дифузен пристап за управување со отпадот преку распределба на должности и овластувања меѓу многу институции и организации. На почетокот на 2020-тите години биле увезени големи количини на странски пластичен отпад.
Правна рамка Управувањето со отпад во Турција претставува предмет на бројни закони за животна средина. Земјата имала само три закони во врска со отпадот помеѓу 1983 и 2003 година, додека уште десет регулативи биле воведени помеѓу 2003 и 2008 година. Поголемиот број на еколошки прописи во Турција се засноваат на член 56 од Уставот, во кој се вели:
Должност на државата и граѓаните е да ја подобрат природната средина, да ја заштитат здравствената состојба на животната средина и да спречат загадување на животната средина. Турскиот закон за животна средина бр. 2872 ја создава основата на правната рамка за практиките за управување со отпад во Турција: Забрането е испуштање на секаков вид отпад и остатоци директно или индиректно во приемната средина, нивно складирање или вклучување во слична активност.Покрај тоа, Законот за измени и дополнувања на Законот за животна средина бр. 5491 (член 11); Законот за метрополитенски општини бр. 5216 (член 7); и Законот за општини бр. 5393 (член 14 и 15) ги објаснуваат должностите на општинските власти, додека Законот за општински приходи бр. 2464 (член 97) го утврдува принципот „загадувачот плаќа“. На крај, членовите 181 и 182 од турскиот кривичен законик бр. 5237 (под делот „Кривични дела против животната средина“) наведуваат дека намерното загадување на животната средина е казниво со закон до пет години затвор. Степенот на казната се одредува врз основа на сериозноста на загадувањето и влијанието врз животната средина.
Владини напори Според турското Министерство за животна средина и урбанизација, управувањето со комуналниот отпад е во надлежност на општините како регионален пристап кон управувањето од страна на Министерството за животна средина и урбанизација. Од 2003 година, општините изготвуваат проекти за управување со комунален отпад преку соработка со други општини во регионот (преку сојузот на општини). Вадата на Турција изготвила генерален план за 2007-2009 година врз основа на сознанието дека неконтролираното и небезбедно отстранување на отпадот е составен дел од секојдневниот живот во Турција и претставува сериозен ризик за животната средина и за здравјето на 70-те милиони жители на земјата. Бројот на контролирани депонии бил зголемен на околу 3000 - нагло зголемување во споредба со 90-те што постоеле во 1990-тите. Од 2011 година, има приближно една санитарна депонија по општина.
Денешните иницијативи за подобрување на управувањето со цврстиот комунален отпад во Турција имаат за цел да создадат систем за управување со отпад кој ќе дејствува во согласност со соодветното национално законодавство и законодавството на Европската Унија опфаќајќи воспоставување на потребни капацитети за третман на отпад (постројки за претходна обработка и депонии) и претоварни станици, намалување на количината на отпад, обезбедување рециклирање и повторна употреба и намалување на трошоците за превоз на отпад. мини| Непокриените депонии се потенцијални извори на запаливи биогасови, канцероген и токсичен отпад, како и микробни заболувања. лево|мини| Недостатокот на јавна и секторска еколошка свест е проблем во Турција
Практики за лошо управување со отпад Главното прашање во областа на управувањето со отпад не е самиот правен аранжман; туку недостатоците во нивното спроведување. Иако Турција упоребува дифузен пристап за управување со својот отпад, ефективноста на процесот на користење е негативно засегната поради повторувања и празнини во споделувањето на улогите и одговорностите меѓу различните агенции. Оваа ситуација, заедно со недоволниот институционален капацитет и слабата техничка инфраструктура, ја ограничува способноста на сродното законодавство да го насочи спроведувањето. Турција, исто така, сè уште не развила сеопфатен и специфичен национален стратешки план за управување со отпад.
Податоците на Евростат покажале дека Турција не рециклирала ниту еден дел од својот цврст комунален отпад во периодот помеѓу 2001 и 2010 година, иако лошото известување, а не резултатите, било наведено како причина за отсуството на податоци. Турското Министерство за животна средина и урбанизација известило дека вкупната количина на рециклиран отпад од амбалажа во 2009 година изнесувала 2,5 милиони тони, а секако дел од овој рециклиран отпад од пакување е од извори на цврст отпад, но уделот е непознат. Од приближно 30 милиони тони комунален отпад генериран во 2010 година, 25 милиони тони или 84% биле собрани, а околу 98% од овој собран отпад бил депониран или на санитарни депонии (54%) или на диви депонии (44%).
Од 2013 година, Турција не наметнува данок за депонија. Според турското Министерство за животна средина и урбанизација, Директивата на ЕУ за депонии (99/31/EC) требало да биде спроведена до 2025 година.
Влијание на лошото управување со отпадот Најголемиот проблем во однос на управувањето со отпадот во земјата произлегува од непокриените депонии, каде што ѓубрето едноставно се остава да скапува. Системот за финансирање на отпадот во Турција не го зема доволно предвид принципот „загадувачот плаќа“, па затоа економските алатки се слаби за спречување на загадувањето, а финансиските извори се несоодветни за инвестиции. Употребата на природните области (шуми, крајбрежја итн.) сè уште претставува голема закана за животната средина. Покрај тоа, недоволниот капацитет за третман и отстранување на опасен отпад води до нелегално фрлање во природата. Понатаму, стапките на рециклирање се ниски поради недостаток на соодветни капацитети и стимулации во секторот за отпад. Непокриените депонии остануваат потенцијални извори на запаливи биогасови, канцероген и токсичен отпад, како и микробни заболувања поради несоодветните промени во нивниот статус од 1990-тите. Заедно со слабото финансирање и известување, секторот за рециклирање во Турција страда и од слаба еколошка свест, како на јавно, така и на индустриско ниво.
Општините собираат околу 1 кг отпад по лице дневно. Владата вели дека секторот за отпад придонел со 16 милиони тони (3%) од емисиите на стакленички гасови во Турција за 2022 година при што речиси половина од тоа е една десетина од отпадот испратен на неуправувани депонии. Сепак, Climate Trace проценува дека тоа било 20% од вкупните емисии на стакленички гасови во 2023 година. Не е јасно зошто постои толку огромна разлика.
Депонирањето е најчестиот метод за отстранување на отпад. Climate Trace проценува дека Одајери (иако има објект за биогас) на европската страна од Истанбул е најголемиот поединечен емитер на отпад со над 6 милиони тони во 2023 година. Органскиот отпад испратен на депонии испушта метан, но земјата работи на подобрување на одржливото управување со отпадот и ресурсите. Една третина од органскиот отпад се компостира но други се залагаат за согорување. Некои средства за ладење се испраќаат во Турција од други земји за уништување.
Наводи
Категорија:Економија на Турција Турција