Џон Вик 3: Парабелум () — американски акционен филм од 2019 г., режиран од Чад Стахелски, напишан од Дерек Колстад, а во главните улоги се Кијану Ривс, заедно со Хали Бери, Лоренс Фишберн, Марк Дакаскос, Азија Дилон, Ленс Редик, Анџелика Хјустон и Ијан Макшејн. Тоа продолжение на филмот „Џон Вик 2“ за потрагата по Џон и неговото спротивставување со најопасните убијци во светот.
Премиерата на филмот во Македонија била на 16 мај 2019 г., а во САД на 17 мај истата година.
Содржина Џон Вик се обидува да најде засолниште пред службено да започне ловот за еден час. Тој се крие во библиотеката во Њујорк, но и таму е пронајден. Како последица на тоа, по неколку престрелки, Вик се крие во театарот Тарковски — седиштето на една од словенско-циганските злосторнички групи во Њујорк, каде што бара помош од шефот на групата — Директорката (тука се открива вистинското име на главниот лик Џон Вик — Јардани Јованович). Дамата му помага да го напушти градот, а Вик се упатува кон Мароко, стигнува до хотелот „Континентал“ во Казабланка, каде што се среќава со управителката на хотелот, Софија. Вик ѝ подарува меница (некогаш нашол засолниште за својата ќерка Софија) и бара помош да се сретне со поранешниот член на Одборот на кланот, Берада. Софија организира состанок каде што Џон го моли Берада да му помогне да се сретне со Старешината, полулегендарен водач на злосторничкото подземје што стои над Одборот на клановите и е еден вид „наследник“ на шефот на редот на асасини.
Следува престрелка, во која Софија и Вик излегуваат како победници, по што се упатуваат кон пустината. Откако талкал под жешкото сонце, исцрпениот Џон се среќава со Старешината и бара прошка за она што го сторил, велејќи дека е подготвен да продолжи да служи. Старешината ја прифаќа заклетвата на Џон во облик на отсечен прст, но му ја дава задачата да го убие неговиот пријател, Винстон, управителот на њујоршкиот Континентал. Џон се враќа во Њујорк и се среќава со Винстон. Во меѓувреме, додека Вик бил отсутен, во градот се појавува Судијата од Одборот на кланот. Нејзината цел е да ја истражи смртта на Сантино Д'Антонио и да ги казни сите што на некој начин му помогнале на неговиот убиец, Вик. За да го направи ова, Судијата се обраќа за помош на Зиро, елитен убиец што претходно се пензионирал, и на неговите послушници.
Вик, враќајќи се во градот, одбива да го убие својот пријател. Потоа Судијата го прогласува њујоршкиот хотел „Континентал“ за „секуларизиран“, што значи дека хотелот сега е надвор од системот на владеење на кланот. По некое време, мафијашките борци пристигнуваат во зградата за да ја исчистат и да се вклучат во битка со главниот лик, Харон и обезбедувањето на хотелот. Вик го победува Зиро во личен двобој по огромна престрелка. Утрото Судијата е принуден да започне преговори. Винстон бара враќање на неговиот статус како управител и укинување на сите санкции против хотелот. Потоа, за да стави ненадеен крај на сѐ, тој пука во Џон и го фрла од покривот. Но по некое време, Судијата дознава дека телото на Џон го нема и сфаќа дека можел да преживее.
Ранетиот Џон е донесен од еден од преживеаните подредени на „Кралот на Бауери“ по колежите на Судијата кај неговиот шеф, кој изјавува дека всушност е подготвен да започне војна со системот на владеење на кланот.
Улоги
|Кијану Ривс |Џон Вик |- |Хали Бери |Софија |- |Ијан Макшејн |Винстон Скот |- |Лоренс Фишберн |Кралот на Бауери |- |Марк Дакаскос |Зиро |- |Азија Кејт Дилон |Судијата |- |Ленс Редик |Харон |- |Анџелика Хјустон |Директорката |- |Саид Тагмаи |Старешината |- |Џером Флин |Берада |- |Рандал Дук Ким |Докторот |- |Џејсон Манцукас |Човекот Тик-Ток
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Американски филмови Категорија:Филмови од 2019 година Категорија:Филмови на англиски јазик Категорија:Филмови на Lions Gate Entertainment Категорија:Филмови со Кијану Ривс Категорија:Американски акциони филмови