Змиин ден се поврзува со 22 март, денот на пролетта и со празникот Благовец.
Змиин ден во Македонија Во село Орман, Скопско, змиите се сметаат за суштества кои имаат магиска моќ против злото, болести, уроци, магии и слично. На 22 март, кога се празнува и празникот Младенци, забранет е секаков вид на работа. Карактеристичен дел од славењето е посетувањето на Змијарникот, од страна на мештаните и нивните гости. Пред отворите на карпите од каде што излегуваат змиите, се останаат разни предмети „нишани“, кои се дел од обред. Девојките оставаат шамии или делови од личната облека, жените и мажите оставаат кошули, а роднините оставаат нишан во име на болни луѓе кои не се во можност да присуствуваат. Оставањето нишан симболизира молба од страна на учесниците во обредот - барање помош или лек од змиите, на пример, неротките веруваат дека ќе родат, немажените дека ќе се омажат и слично.
Оставањето нишани се одвива исклучиво молчејќи во страв дека змиите можат да се исплашат. Нишаните се оставаат на земја, исклучиво со десна рака. Доколку змијата помине низ нишаните, желбата ќе биде исполнета. Змиите кои не сакале да поминат низ нишаните, биле фаќани со голи раце од страна на мажите и момчињата кои не се плашеле, и сами ги преминувале врз нишаните кои тие ги поставиле. На самиот крај на обредот, една од фатените змии ја спуштале на земја во подножјето на ридот и околу неа играле оро. Според народните верувања, на овој ден змиите не касаат и никој не смее да ги убие.
Наводи
Категорија:Македонски празници Категорија:Обреди