Еберечи Олучи Езе (роден на 29 јуни 1998 година, во Гринич) — англиски фудбалер, на и на англиската репрезентација.

Биографија Еберечи Езе е роден на 29 јуни 1998 во Гринич, Голем Лондон, Англија, од нигеријски родители припадници на народот Игбо. Тој има двајца браќа, Икечи и Чимаечи, кои се исто фудбалери.

Во 2022 година, тој се оженил со својата долгогодишна девојка Изуте Мулато.

Технички карактеристики Офанзивен играч од средниот ред, кој исто така може да игра и на двете крила - иако почесто бил користен како лево крило - па дури и како централен играч за врска. Има добро чувство за гол, одлична визија за играта, додавања, дриблинг и брзина, а со текот на времето се промовирал и како одличен изведувач на прекини.

Клупска кариера Почетоци Езе ја започнал својата фудбалска кариера во Арсенал, пред да биде отпуштен кога имал тринаесет години, а потоа се приклучил на Фулам и на Рединг. Потоа, Езе ја продолжил својата младинска кариера во Милвол, каде што потпишал двегодишна стипендија со клубот. Таму тој брзо напредувал стигајќи до тимот под 18 години, а потоа и во резервниот тим, но и покрај тоа, во април 2016, Милвол објавиле дека Езе ќе го напушти клубот, откако не му бил понуден професионален договор.

Квинс Парк Ренџерс На 3 август 2016, Езе му се приклучил на Квинс Парк Ренџерс. На 7 јануари 2017 година, Езе го имал своето деби за првиот тим во натпреварот од ФА Купот против Блекбурн Роверс, играјќи 18 минути пред да се повреди и да биде заменет од Јени Нгбакото. Натпреварот завршил со пораз на КПР на домашен терен од 1–2. И покрај тоа, што тоа бил неговиот единствен настап за првиот тим во сезоната 2016–2017, на крајот на истата тој потпишал продолжување на договорот со клубот до 2019 година.

На 30 август 2017 година, Езе бил позајмен на Викомб Вондерерс во четвртото ниво на англискиот фудбал до јануари 2018 година. Своето деби за клубот го имал влегувајќи како замена во 79-тата минута, во ремито 0-0 против Њупорт Каунти на 9 септември 2017 година. Откако го направил своето деби за клубот, Езе брзо станал стандарден играч во првиот тим, каде што бил ротиран на различни позиции во средниот ред. Својот прв гол во сениорската кариера го постигнал во натпреварот против Кембриџ Јунајтед, на 7 октомври 2017 година, за само девет минути подоцна да постигне уште еден и да го турне Викомб кон победата. Позајмицата се покажала како исклучително позитивна за младиот фудбалер, кој одиграл 20 натпревари и постигнал 5 гола за Викомб до јануари 2018, пред да се врати во Квинс Парк Ренџерс.

Откако се вратил во КПР, Езе редовно настапувал за првиот тим предводен од Ијан Холовеј, завршувајќи ја сезоната 2017-2018 со 16 првенствени настапи во Чемпионшип и 2 гола; својот прв гол во дресот на „полицајците“ го постигнал во победата со 1-0 на домашен терен над на 10 март 2018. Пред почетокот на сезоната 2018-2019, тренерската промена во КПР и доаѓањето на Стив Макларен на местото на Ијан Холовеј, на Езе му донела уште поголема улога во тимот и дресот со бројот 10 на неговиот грб. Тој, исто така, го продолжил својот договор со КПР, обврзувајќи се на верност кон клубот до јуни 2021 година. Тој одлично ја започнал сезоната постигнувајќи гол во вториот првенствен натпревар, поразот со 1-2 на Лофтус Роуд од . Езе постигнал уште два гола во месец септември, помагајќи му на клубот да излезе од кризата по катастрофалниот почеток на сезоната со четири последователни порази. За неговите настапи тој бил пофален и од менаџерот Макларен, кој рекол: „Езе има голем талент, но одлично работи и без топка во поглед на помагањето на тимот во одбраната. Го молиме да продолжи да го прави тоа и важно е да го прави тоа, поради неговиот развој.“ На 24 ноември 2018, во натпреварот против Стоук Сити (2-2), тој асистирал за двата гола на КПР што ги постигнал Анхел Ранхел. И покрај ипресивните перформанси во поголемиот дел од сезоната, во завршницата од истата тој се нашол на клупата за резерви. Сезоната ја завршил со 46 натпревари во првенството и куповите во сезоната 2018–2019, постигнувајќи четири гола, сите во Чемпионшип.

Во сезоната 2019-2020, Езе бил „ударната игла“ на Квинс Парк Ренџерс, играјќи ги сите 46 натпревари и забележувајќи 14 гола и 8 асистенции во Чемпионшип. Сепак, ниту неговите исклучителни перформанси во текот на сезоната не му помогнале на клубот да се помести од средината на табелата. На 8 септември 2020 година, Езе бил избран во ПФА Тимот на годината на Чемпионшип 2019–2020.

Кристал Палас На 28 август 2020 година, Езе потпишал петгодишен договор со членот на Премиер лигата, Кристал Палас. Вредноста на трансферот изнесувала околу 17 милиони фунти. На 12 септември, тој го имаше своето деби за Палас, влегувајќи како замена во 81-вата минута на местото на Џефри Шлуп во победата од 1–0 против Саутемптон во првиот натпревар од сезоната. Езе го постигнал својот прв гол за Палас на 7 ноември, од директен слободен удар, во победата од 4–1 на домашен терен над Лидс Јунајтед.

Хронологија на репрезентативните настапи

Статистика Клупска статистика Статистиката е ажурирана на 5 јуни 2025.

Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол 2016-2017 Квинс Парк Ренџерс ФЛЧ 0 0 ФАКуп+ЛК 1+0 0 - - - - - - 1 0 2017-јан. 2018 Викомб Вондерерс ФЛ2 20 5 ФАКуп+ЛК 0+0 0 - - - EFLT 2 0 22 5 јан.-јун. 2018 Квинс Парк Ренџерс ФЛЧ 16 2 ФАКуп+ЛК 1+0 0 - - - - - - 17 2 2018-2019 ФЛЧ 42 4 ФАКуп+ЛК 3+1 0 - - - - - - 46 4 2019-2020 ФЛЧ 46 14 ФАКуп+ЛК 1+1 0 - - - - - - 48 14Вкупно Квинс Парк Ренџерс 104 20 8 0 - - - - 112 20 2020-2021 Кристал Палас ПЛ 34 4 ФАКуп+ЛК 1+1 0 - - - - - - 36 4 2021-2022 ПЛ 13 1 ФАКуп+ЛК 4+0 0 - - - - - - 17 1 2022-2023 ПЛ 38 10 ФАКуп+ЛК 1+1 0 - - - - - - 40 10 2023-2024 ПЛ 27 11 ФАКуп+ЛК 2+2 0 - - - - - - 31 11 2024-2025 ПЛ 29 8 ФАКуп+ЛК 4+4 3+3 - - - - - - 37 14Вкупно Кристал Палас 141 34 20 6 - - - - 161 40Вкупно во кариерата 265 59 28 6 - - 2 0 295 65

Репрезентативна статистика РепрезентацијаГодинаНастапиГолови Англија202320202470202511Вкупно101

Титули Кристал Палас ФА Куп : 1 2024-2025 ФА Комјунити Шилд : 1 2025 Арсенал Премиер лига на Англија : 1 2025-2026 ФА Комјунити Шилд : 1 2026

Наводи

Надворешни врски

Еберечи Езе на soccerway Еберечи Езе на transfermarkt Еберечи Езе на espn Еберечи Езе на whoscored

Категорија:Живи луѓе Категорија:Англиски фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Квинс Парк Ренџерс Категорија:Фудбалери на ФК Кристал Палас Категорија:Фудбалери на ФК Арсенал Категорија:Родени во 1998 година Категорија:Фудбалери на Светско првенство 2026