мини|250x250пкс| Типичен модерен катанец и неговите клучеви мини|250x250пкс| Средновековна брава Брава — механички или електронски уред што се користи за заклучување на врата и кој се отклучува со физички предмет (како клуч, картичка, отисок од прст, безбедносен токен), со внесување тајни информации (шифри) или комбинација од двете. Постојат и преносливи брави наречени катанци.
Историја
Антика Бравите се во употреба повеќе од 6.000 години, а еден ран пример е откриен во урнатините на Нинива, главниот град на древна Асирија. Ваквите брави биле развиени во египетска дрвена брава со игли, која се состоела од резе, прицврстување или додаток за врата и клуч. Кога клучот е вметнат, иглите во уредот се подигнати од дупките во внатрешноста на завртката, овозможувајќи му да се помести. Кога клучот е изваден, игличките делумно паѓаат во завртките и спречуваат поместување.
Заштитена брава исто така постоела уште од антиката и останува најпрепознатливиот дизајн на бравата и клучот во западниот свет. Првите целосно метални брави се појавиле помеѓу 870 и 900 година, а им се припишуваат на англиските занаетчии. Исто така се вели дека клучот го измислил Теодор од Самос во 6 век пр. н. е.
„Римјаните измислиле метални брави и клучеви и безбедносен систем што го обезбедувале штитници.
Имотните Римјани честопати ги чувале своите скапоцености во сигурно заклучени кутии во нивните домаќинства и ги носеле клучевите како прстени на прстите. Оваа практика имала две предности: клучот секогаш се чувал при рака, и укажувал дека носителот е доволно богат и важен за да има пари и накит вредни за обезбедување.
Посебен тип брави, кој датира од 17-18 век, иако потенцијално постари како слични брави датираат од 14 век што може да се најдат во бегинаж на белгискиот град Лир.R. De Bruyn, ‘Oude sloten op deurtjes in het Liers begijnhof’, in: 't land van Ryen jaargang 17, aflevering 3–4, 1967, p. 158, article in DutchEchtpaar schrijft eerste boek sinds twintig jaar over Liers begijnhof nieuwsblad.be, Chris van Rompaey, 17 april 2018, article in Dutch Овие брави, украсени со лисја, често во облик на буквата „V“ околу клучалката, најверојатно се готски брави. Истите често се нарекуваат брави за пијани луѓе, но поврзувањето со пијанството може да биде погрешна бидејќи овие брави, според одредени извори, биле направени така што едно лице може да ја најде клучалката дури и во мрак, иако тоа можеби не е така бидејќи украсите можеби биле чисто естетски. Во поново време дизајнирани се слични брави.
Современи брави Со почетокот на Индустриската револуција кон крајот на 18 век и со развојот на прецизното инженерство и стандардизацијата на компонентите, бравите и клучевите биле произведувани со поголема сложеност и префинетост.
Бравата со лост, која користи сет на лостови за да спречи движење на резето во бравата, била измислена од Роберт Барон во 1778 година. Неговото заклучување на лостот со двојно дејство изискувало лостот да се подигне на одредена висина така што во лостот се правел засек. Затоа, преголемото кревање на лостот било исто толку лошо како и премалото кревање на лостот. Овој тип на брава се користи и денес. мини|250x250пкс| Шематски приказ на Чабова детекторска брава. Џеремаја Чаб во 1818 година. значително ја подобрил бравата со лост. Провална кражба во бродоградилиштето во Портсмут ја поттикнала британската влада да објави конкурс за производство на брава што може да се отвори само со сопствен клуч. Чаб ја развил Чабовата детекторска брава, која вклучувала интегрална безбедносна одлика што може да спречи обиди за неовластен пристап и ќе му укаже на сопственикот на бравата дали се случило манипулирање. Чаб бил награден со 100 фунти откако обучен провалник не успеал да ја отвори бравата и после 3 месеци.
Во 1820 година, Џеремаја му се придружил на својот брат Чарлс во основањето на сопствената браварска компанија. Чаб направил различни подобрувања на својата брава: неговиот подобрен концепт од 1824 година не барал посебен клуч за ресетирање на бравата. До 1847 година неговите клучеви користеле шест лостови наместо четири и подоцна вовел диск кој дозволувал клучот да помине, но го стеснувал видното поле, криејќи ги лостовите од секој што се обидува да ја отклучи бравата. Браќата Чаб, исто така го патентирале првиот сеф отпорен на провала и започнале со негово производство во 1835 година.
Најраниот патент за брава со игли со двојно дејство му припаѓал на американскиот лекар Абрахам О. Стенсбери во Англија во 1805 година, а негова современа верзија, што сè уште е во употреба и ден-денес, била измислена од Американецот Линус Јејл Постариот во 1848 година. Овој дизајн на бравата користел иглички со различни должини за да спречи отворање на бравата без исправниот клуч. Во 1861 година, Линус Јејл Помладиот, вдахновен од оригиналната брава со иглички од 1840-тите што ја направил неговиот татко и измислил и патентирал помал рамен клуч со назабени рабови, како и иглички со различна должина во самата брава, ист концепт како бравата со иглички што се користи и денес. Современата Јејлова брава во суштина е напредна верзија на египетската брава.
Поврзано Квака
Наводи
Литература
Phillips, Bill. (2005). The Complete Book of Locks and Locksmithing. McGraw-Hill. . Alth, Max (1972). All About Locks and Locksmithing. Penguin. Robinson, Robert L. (1973). Complete Course in Professional Locksmithing Nelson-Hall.
Надворешни врски Браве древних Египћана („Политика”, 15 септември 2020) Historical locks by Raine Borg and ASSA ABLOY Picking Locks
Категорија:Дом Категорија:CS1-одржување: датумски формат Категорија:Браварство Категорија:Вратна опрема Категорија:Брави