Марио Станиќ (роден на 10 април 1972 година, во Сараево) — хрватски фудбалски тренер и поранешен играч од средниот ред. Во моментов е асистент на Марино Пушиќ во .

Биографија Роден е во главниот град на Босна и Херцеговина, Сараево, во етничко хрватско семејство.

По завршувањето на играчката кариера, работел едно време како водител на ТВ емисијата наречена „(Ne)uspjeh prvaka s Marijom Stanicem“, интервјуирајќи многу познати личности на Балканот од светот на фудбалот како: Дарио Срна, Немања Матиќ, Александар Чеферин, Горан Пандев и Мирослав „Чиро“ Блажевиќ.

Технички карактеристики Тактички разноврсен елемент, кој играл на различни позиции како десно крило, офанзивен играч за врска или втор напаѓач.

Клупска кариера Железничар и Динамо Загреб Кариерата ја започнал и израснал во екипата на Железничар од Сараево каде одиграл четири сезони во југословенското првенство во периодот 1988-1992, но по избувнувањето на војната се преселил во Хрватска, каде го носел дресот на Динамо Загреб (тогаш познат под името ХАШК Граѓански). Во единствената сезона со клубот тој го освоил хрватското првенство за кое придонел со 11 гола.

Спортинг Хихон и Бенфика Пред почетокот на сезоната 1993-1994, Станиќ заедно со својот сонародник Даниел Шариќ потпишале за шпанскиот клуб Спортинг Хихон. Својот прв гол во шпанската Примера Дивисион го постигнал во домашната победа со 2-0 над Рајо Ваљекано на 24 октомври 1993. По позитивната сезона со Спортинг Хихон во која забележал 37 настапи и 7 гола, Станиќ потпишал за Бенфика, но во славниот португалски клуб не успеал да се наметне забележувајќи само 16 настапи и 5 гола.

Клуб Бриж Во 1995 година, тој бил купен од Клуб Бриж. Играјќи како центарфор, тој ја завршил сезоната 1995-1996 како најдобар стрелец во белгиското првенство, постигнувајќи 20 гола, со што заработил стартно место и во хрватската репрезентација на Европското првенство 1996 година. Во една сезона и половина колку што го носел дресот на Клуб Бриж тој освоил три трофеи: првенството, купот и суперкупот на Белгија.

Парма Во следната сезона, тој бил купен од за 8 милијарди лири, каде останал од ноември 1996 година до јуни 2000 година. Настапувајќи наизменично како десно крило и како централен напаѓач, тој одиграл вкупно 77 натпревари, постигнувајќи 19 гола, од кои првиот бил против Милан на 22 декември 1996 година, единствениот во натпреварот со кој Парма остварила победа од 1-0 на Сан Сиро.

Тој го постигнал својот последен гол за Парма во плејофот за четвртото место против Интер во Верона, кога неговиот тим загубил со 1-3, а тој погодил со глава 10-тина минути по влегувањето за да го израмни резултатот на моментални 1-1. Со млекарите тој освоил три трофеи: Купот на Италија, Купот на УЕФА (двата во сезоната 1998-1999) и Суперкупот на Италија 1999. И покрај проблемите со повредите што го измачувале речиси во секоја сезона, и кои му пречат да остави поголем траг, Станиќ имал многу позитивно искуство со клубот од Емилија-Ромања во еден од најдобрите периоди во неговата историјата.

Челси Во летото 2000 година, Станиќ ја напуштил Парма и му се приклучил на англискиот Челси за надомест од 5.6 милиони фунти. Веќе во својот прв настап за „сините“ тој го освоил првиот трофеј со клубот, откако Челси го победиле Манчестер Јунајтед со 2-0 на Вембли, во натпреварот за ФА Черити Шилд трофејот. На своето деби во Премиер лигата, победата со 4–2 на домашен терен против Вест Хем Јунајтед, Станиќ постигнал два гола, еден од нив со удар од преку 30 метри.

По четири сезони во Челси, од кои во последната заради постојаните повреди на коленото тој забележал само 5 настапи, Станиќ ја завршил кариерата на 32-годишна возраст во летото 2004 година.

Репрезентативна кариера На репрезентативно ниво, тој одиграл два натпревари за Југославија пред распадот на државата во 1992 година.

Од тој момент, Станиќ ја претставувал Хрватска, со која настапил на три големи натпреварувања Европското првенство 1996, Светските првенства во 1998 и 2002. На Мундијалот 1998 во Франција, со својата земја го освоил третото место, играјќи во сите 7 натпревари на Хрватска (пропуштајќи само околу 10 минути во сите тие натпревари), и постигнувајќи го првиот гол на репрезентацијата на овој турнир, во победа со 3-1 над дебитантот Јамајка.

Четири години подоцна, тој бил во составот на Хрватска и на Светското првенство 2002 во Јапонија и Јужна Кореја, каде запишал два настапи влегувајќи од клупата во минималните порази со 1-0 од и ; за разлика од успехот на претходното првенство во Франција, на овој турнир неговата репрезентација била елминирана уште во групната фаза.

Својот последен натпревар за коцкестите го одиграл на 30 април 2003 година, во пријателски натпревар добиен со 2-1 против во Солна, по што ја затворил репрезентативната кариера со 49 настапи и 7 гола.

Хронологија на репрезентативните настапи Југославија

Хрватска

Статистика Клупска статистика Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол 1988-1989 Железничар ПЛ 14 0 КЈ ? ? - - - - - - 14+ 0+ 1989-1990 ПЛ 14 0 КЈ ? ? - - - - - - 14+ 0+ 1990-1991 ПЛ 28 1 КЈ ? ? - - - - - - 28+ 1+ 1991-1992 ПЛ 21 11 КЈ ? ? - - - - - - 21+ 11+Вкупно Железничар 77 12 ? ? - - - - 77+ 12+ 1992-1993 1.ХНЛ 26 11 КХ 9 8 - - - - - - 35 19 1993-1994 Спортинг Хихон ПД 34 7 КШ 4 2 - - - - - - 38 9 1994-1995 ПД 14 5 КП 1 0 - - - СП 1 0 16 5 1995-1996 Клуб Бриж Д1 30 20 КБ ? ? КПК 4 1 СБ 1 0 35+ 21+ јул.-дек. 1996 Д1 7 7 КБ ? ? ЛШ+КУ 2+4 0+1 - - - 13+ 8+Вкупно Клуб Бриж 37 27 ? ? 10 2 1 0 48+ 29+ јан.-јун. 1997 А 13 3 КИ - - КУ - - - - - 13 3 1997-1998 А 23 4 КИ 5 1 ЛШ 4 0 - - - 32 5 1998-1999 А 18 7 КИ 7 0 КУ 6 0 - - - 31 7 1999-2000 А 23+1Бараж за 4. место 5+1 КИ 1 0 ЛШ+КУ 2Во квалификациските кола+7 0+4 СИ 0 0 34 10Вкупно Парма 77+1 19+1 13 1 19 4 0 0 110 25 2000-2001 ПЛ 12 2 ФАКуп+ЛК 2+0 0 КУ 0 0 ЧШ 1 0 15 2 2001-2002 ПЛ 27 1 ФАКуп+ЛК 4+2 1+0 КУ 2 0 - - - 35 2 2002-2003 ПЛ 18 4 ФАКуп+ЛК 3+2 1+1 КУ 2 0 - - - 25 6 2003-2004 ПЛ 2 0 ФАКуп+ЛК 0+2 0 ЛШ 1 0 - - - 5 0Вкупно Челси 59 7 15 3 5 0 1 0 80 10Вкупно во кариерата 325 89 42+ 14+ 34 6 3 0 404+ 109+

Репрезентативна статистика

РепрезентацијаГодинаНастапиГолови Југославија199120 Хрватска1995301996911997101998123199972200041200150200250200330Вкупно517

Хет-трикови Хет-триковиДатаМестоЕкипаПротивникГоловиРезултатНатпреварувањеИзвештај1 26/08/1995 Јан Брејдел, Бриж 12px|Гол 12px|Гол 12px|Гол 12px|Гол 12px|Гол 6 - 0 Дивисион I 1995-1996 Извештај2 17/08/1996 Јан Брејдел, Бриж 12px|Гол 12px|Гол 12px|Гол 12px|Гол 6 - 1 Дивисион I 1996-1997 Извештај

Титули Динамо Загреб Прва ХНЛ : 1992-1993

Клуб Бриж Белгиско првенство : 1995-1996 Куп на Белгија : 1995-1996 Суперкуп на Белгија : 1996

Парма Куп на УЕФА : 1998-1999 Куп на Италија : 1998-1999 Суперкуп на Италија : 1999

Челси ФА Черити Шилд : 2000

Поединечни Најдобар стрелец на белгиското првенство: 1 1995-1996 (20 гола)

Наводи

Надворешни врски

Марио Станиќ на soccerway Марио Станиќ на transfermarkt Марио Станиќ на espn Марио Станиќ на whoscored

Категорија:Хрватски фудбалери Категорија:Хрватски фудбалски тренери Категорија:Фудбалери на ФК Железничар Категорија:Фудбалери на ФК Динамо Загреб Категорија:Фудбалери на ФК Спортинг Хихон Категорија:Фудбалери на ФК Бенфика Категорија:Фудбалери на ФК Клуб Бриж Категорија:Фудбалери на ФК Парма Категорија:Фудбалери на ФК Челзи Категорија:Фудбалери во Серија А Категорија:Фудбалери од Премиер Лига Категорија:Родени во 1972 година