Кул Гали (1183 – 1236) бил познат муслимански волшки бугарски поет. Неговата најпозната песна е Киса-и Јусуф (Приказна за Јосиф), напишана на старотатарски јазик, кој не е разбирлив од современите татарски, башкирски и чувашки јазици.

Биографија Според историчарот Равил Бухараев, Гали најверојатно бил роден во свештено семејство во Волшка Бугарија. Студирал во Хварезмеанската медреса. Гали, исто така, живеел или студирал во различни области околу Волшка Бугарија и веројатно патувал во Иран, Сирија и други делови на Блискиот Исток. Својата најпозната песна ја напишал во 1233 година. Се претпоставува дека Гали ги поминал своите последни години во Билјар. Најверојатно бил убиен во 1236 за време на монголската инвазија на Волшка Бугарија.

Дела Епот Приказната за Јосиф, била инспириран од куранските приказни на Јосиф. Песната е посветена на борбата против злото и за човечката среќа. Поемата одигра голема улога во муслиманската Волшка бугарска култура, а подоцна и во башкирската и татарската култура. Кај Башкирите и Татарите се пронајдени повеќе од 200 ракописи. Според Ањес Кефели, „од објавувањето до крајот на деветнаесеттиот век, овој еп останал најпродаван на Патот на свилата од Русија до Кина“ меѓу Татарските муслиманки од деветнаесеттиот век, „кога една девојка се мажи, обичајот бил да се завитка книгата на Кул Али во извезена крпа и да ја стават на дното на нејзиниот свадбен сандак“ Поемата била подготвена за објавување за прв пат од поетот Утиз Имани и отпечатена во 1839 година од Раксметула Амирксанов. Оттогаш е објавена 80 пати и преведена на англиски јазик. Според текстуалната анализа, песната содржи многу персиски и арапски зборови. Поемата покажува запознавање со египетските и другите блискоисточни обичаи, но содржи и детални описи на културата и обичаите на жителите на Волшка Бугарија.

Наследство Неговите песни ги слават Башкирите, Татарите и Чувашите.

Приказната за Јосиф често била користена како учебник за учење или подобрување на вештините за читање на децата и возрасните со векови. Поемата имала големо влијание врз подоцнежните поети во регионот.

Награда Кул Гали Меѓународната награда Кул Гали е именувана по поетот. Се доделува за признание за извонредност во литературата и поезијата. Наградата е основана во 1992 година.

Категорија:Волшка Бугарија Категорија:Татарски поети