мини|232x232пкс|Пример на две футанари со различни строежи на полови органи Футанари (, „хермафродитизам“) — може да се однесува како на конкретни ликови во жанрот хентаи, така и на самиот поджанр. За означување на футанари-ликовите, понекогаш се користат и поимите „хермафродит“, dickgirl и shemale (последните два поими се користат и за MtF-транссексуалки). Krauss, Friedrich Salomo et al. Japanisches Geschlechtsleben: Abhandlungen und Erhebungen über das Geschlechtsleben des japanischen Volkes; folkloristische Studien, Schustek, 1965

Футанарито прикажува хермафродити, интерсексуални лица или други луѓе со женска телесна градба, но со дополнителни органи што изгледаат или наликуваат на пенис или зголемена дразница — најчесто заедно со женски полови органи или без нив. Овој поим ги опфаќа и оние што имаат и машки и женски полови органии, како и оние со машка телесна градба, но таквите прикази се крајно ретки.

Етимологија Точното потекло на овој збор не е познато, но во кинескиот јазик, хиероглифите што на јапонски се читаат „футанари“, постоеле уште за време на владеењето на династијата Минг (1368 — 1644). На кинески, 二形 дословно значи „две облици“. Во мигов, поимот „футанари“ се користи за да се означи како самите ликови, така и жанрот аниме и манга со нивно учество.

Опис „Фута“, како што често ги нарекуваат овие ликови, се дели на неколку видови:

Ликот е прикажан со женски и машки полови органи истовремено (пенисот се наоѓа над дразницата или на нејзиното место, јајцата се поставени над дразницата и вагината или се внатре во телото). Пенисот може да биде видлив постојано или да се појавува само кога е кренат. Зголемена или хипертрофирана дразница, без присуство на машки полови органи. Ликови со изразени женски вторични полови одлики, но наместо женски полови органи — машки.

Наводи

Надворешни врски

__СОСОДРЖИНА__ __ИНДЕКС__

Категорија:Поими во аниме и манга Категорија:Јапонски поими