Анунаки — во сумеро-акадската митологија, една од двете (заедно со Игигите) групи сродни божества. Тоа се помали богови што ја населуваат земјата, подземниот свет, а исто така и небесата; во некои текстови — хтонски божества, судии на царството на мртвите. Како по правило, тие се споменуваат во обопштен облик, без да се наведат конкретни имиња. Во некои случаи синоним за Игигите.
Игиги и Анунаки Во доцниот сумеро-акадски пантеон, боговите биле поделени во две родови групи — Игиги и Анунаки. Игигите обично ги опфаќале главните богови, додека Анунаките често ги претставуваат помладите богови; тие претежно живеат во подземниот свет и на земјата, но понекогаш и на небесата. Поделбата на боговите на Игиги и Анунаки се јавува во акадското време. Во групата на помладите богови (Анунаки), навидум се вклучени и боговите од месните пантеони. Оваа поделба не е јасно определена, и во поширока смисла, означувањата на двете групи — Игиги и Анунаки — можат да се сметаат за синоними.Leick G. A dictionary of Ancient Near Eastern mythology. — New York: Taylor & Francis, 2003. — стр. 241 — ISBN 0-203-02852-X. (англиски) Бројот на Анунаките во изворите разнообразува од 7 до 600, а најчесто се спомнуваат 50 богови.Афанасьева В. К.. Ануннаки // Мифы народов мира : Энциклопедия в двух томах / Гл. ред. С. А. Токарев. — М.: Советская Энциклопедия, 1991. — Т. 1 (А—К). — стр. 89–90. — ISBN 5-85270-016-9. (руски)
Поврзано
Енума Елиш
Наводи
Надворешни врски
Ancient Mesopotamian Gods and Goddesses: Anunna (Anunnaku, Anunnaki) (a group of gods)
__СОСОДРЖИНА__ __ИНДЕКС__ Категорија:Божества на подземјето Категорија:Месопотамска митологија Категорија:Сумер