Оваа статија се однесува на настапите на македонската фудбалска репрезентација во квалификациите за Светското првенство 2026 во Канада, Мексико и САД.

Почнувајќи од првиот во 1998 година и натпреварувајќи се континуирано во секој следен, ова бил осмиот квалификациски циклус за Светско првенство во кој учествувала Македонија по осамостојувањето на државата. Досега, репрезентацијата никогаш не се пласирала на некое Светско првенство, а најдобриот резултат го постигнала во претходниот квалификациски циклус за Светското првенство 2022 во Катар кога го освоила второто место и играла во баражот каде после победата над со 1-0, била сопрена од со 2-0 во Порто.

Квалификациските групи за Светското првенство 2026 во УЕФА конфедерацијата, биле извлечени на 13 декември 2024 година, при што Македонија се паднала во групата Ј со репрезентациите на , , и . Натпреварите ќе се одиграат по Бергеров систем, а исите треба да започнат во март и да завршат во ноември 2025 година. Победникот на групата ќе се квалификува директно за Мундијалот во Северна Америка, додека второпласираната репрезентација ќе игра во баражот. За разлика од досегашните Светски првенства на кои учествувале 32 репрезентации, на Светското првенство 2026 ќе играат вкупно 48, додека од УЕФА конфедерацијата ќе можат да се пласираат 16.

Преглед Во овој квалификациски циклус Македонија влегла од 67-мото место на ФИФА листата и била распоредена во третиот шешир за време на извледкувањето на ждрепката. На 13 декември 2024, биле извлечени групите за европските квалификации, а Македонија за противници ги добила (8. место на ФИФА листата), (29), (110) и (204). Истиот ден УЕФА го објавила и распоредот на натпреварите, според кој Македонија ги започнала квалификациите со натпреварот против Лихтентшајн во гости на 22 март, а ќе ги заврши со уште едно гостување кај Велс на 18 ноември 2025.

Првиот натпревар за Македонија во овие квалификации дошол во најнеповолен момент во екот на големата трагедија која се случила во земјата откако во пожар во ноќен клуб во Кочани животот го загубиле 59 лица. Поради оваа трагедија, била објавена седумдневна ден на жалост во Македонија која траела и за време на првиот квалификациски натпревар против Лихтенштајн одигран на 22 март 2025. Во чест на жртвите во овој немил настан репрезентацијата на Македонија излегла во опрема од третата гарнитура, црни дресови и шорцеви. Сепак, и покрај лошиот од психолошка гледна точка момент за одигрување на овој натпревар, Македонија ја оправдала фаворитската улога и лесно го совладала Лихтенштајн во Вадуц. Македонија повела уште во седмата минута со голот на Трајковски на додавање од Миовски, кој претходно успеал да го заобиколи и противничкиот голман пред да нафрли за својот партнер во нападот да ја смести топката во празната мрежа. Во водство од 2-0 Македонија ја довел Муслиу, по нафрлената топка од корнер на Барди, а третиот гол во 84-тата минута го постигнал Миовски со волеј-удар.

Вториот натпревар, во Скопје на мегдан на Македонија ја донел репрезентацијата на Велс. Веќе од стартот се видело дека ова ќе биде потежок натпревар од првиот; откако резултатот останал непроменет (0-0) во регуларните 90 минути, во првата од судиското продолжение Бојан Миовски го искористил грешното додавање на Џо Алан и ја довел Македонија во водство. Сепак, во последните моменти од натпреварот, велшаните искористиле една спуштена топка во шеснаесеттникот на Македонија и преку Дејвид Брукс го израмниле резултатот. Тоа бил и конечниот резултат на овој натпревар.

За јунските квалификациски натпревари против Белгија и Казахстан, селекторот Благоја Милевски се соочил со проблеми во вид на неколку повредени играчи кои не можеле да настапат за репрезентацијата. Сепак, и покрај тоа, Македонија успеала да освои 4 бодови од тие два натпревари и да го заземе првото место на табелата по завршувањето на јунскиот квалификациски прозорец. Третиот натпревар на Македонија во групата бил против Белгија во Скопје на 6 јуни 2025. Белгијците повеле во 28-тата минута преку Максим Де Кујпер и со тој резултат се отишло на пауза. Во вториот дел Македонија заиграла многу подобро и постигнала гол на почетокот на вториот дел преку Елиф Елмас, кој бил поништен поради офсајд позиција по интервенцијата на VAR системот. Сепак, Македонија успеала да израмни во 86-тата минута кога по одличното додавање од замената Дарко Чурлинов, Езѓан Алиоски со прекрасен волеј удар ја сместил топката во мрежата на Белгија за израмнување на 1-1. Тоа се испоставило и како конечен резултат на натпреварот.

Натпревари во групата Ј на европските квалификации

1. коло

GK 1Бенјамин БухелCB 4Ларс Трабер CB 10 Сандро Визер CB 4 Максимилијан Гепел RWB 20 Сандро Волфингер LWB 5Јенс Хофер CM 17Симон Лухингер CM 18Николас Хаслер CM 8 Арон Зеле CF 22 Вили Пици CF 11Денис Салановиќ Замени:MF 13Кени Киндле FW 9Ферхат Саглам FW 7 Фабио Луке Нотаро DF 2Никлас Бек MF 23 Емануел Зинд Селектор: Конрад Финфстик GK 1 Столе ДимитриевскиRB 5Ѓоко ЗајковCB 4Никола Серафимов CB 6Висар Муслиу LB 8Езѓан Алиоски RM 11Дарко Чурлинов CM 16Исник Алими CM 10Енис Барди LM 7 Елиф ЕлмасCF 10Бојан Миовски CF 9 Александар Трајковски Замени:MF 21 Јани Атанасов DF 2Бојан Илиевски FW 19 Давид Тошевски DF 13 Бојан Димоски MF 14Кристијан Трапановски Селектор:Благоја Милевски

2. коло

GK 1Столе ДимитриевскиCB 5Ѓоко Зајков CB 4 Никола Серафимов CB 6 Висар Муслиу RWB 2Бојан Илиевски CM 16Исник Алими CM 18Тихомир Костадинов LWB 8Езѓан Алиоски AM 10 Енис Барди CF 20 Бојан Миовски CF 7Елиф Елмас Замени:MF 21Јани Атанасов FW 11Дарко Чурлинов FW 13 Бојан Димоски DF 15Јован Манев MF 9 Александар Трајковски Селектор:Благоја Милевски GK 1 Карл ДарлоуRB 3Нико ВилијамсCB 6Џо Родон CB 2Крис Мефам LB 4Бен Дејвис CM 22Џош Шихан CM 17Џордан Џејмс RW 20Даниел Џејмс AM 23 Нејтн Броудхед LW 10Сорба Томас CF 11 Бренан Џонсон Замени:FW 13 Кифер Мур MF 10Дејвид Брукс FW 9 Раби Матондо MF 7 Џо Алан Селектор:Крег Белами

3. коло

GK 23Столе ДимитриевскиCB 4Андреј Стојчевски CB 5 Ѓоко Зајков CB 6 Висар Муслиу RWB 2Бојан Илиевски LWB 8Езѓан Алиоски CM 18Тихомир Костадинов CM 21Јани Атанасов CM 7Елиф Елмас CF 20 Бојан Миовски CF 10 Енис Барди Замени:MF 17Агон Елези MF 11Дарко Чурлинов DF 3 Стефан Ашковски MF 14Димитар Митровски FW 19 Милан Ристовски Селектор:Благоја Милевски GK 1 Мац СелсRB 15Томас Меније CB 2Зено Дебаст CB 4Ваут Фас LB 5Максим Де Кујпер CM 22Ханс Ванакен CM 21Никола Раскин CM 7Кевин Де Бројне RW 23 Алексис Салемакерс CF 10Ромелу Лукаку LW 22 Жереми Доку Замени:MF 6 Амаду Онана MF 8Јури Тилеманс DF 16 Кони Де Винтер DF 3 Артур Теат FW 9 Лоис Опенда Селектор: Руди Гарсија

Наводи

Надворешни врски Македонската репрезентација на страната на УЕФА

2026