мини|247x247пкс|Двоен околуцветник на слезовина: зелена чашка и светло розовоцрвено венче Околуцветник () или цветна обвивка — претставува стерилен дел од цветот, чија главна улога е заштита на понежните репродуктивни органи — прашниците и толчниците (плодниците).
Елементите што го сочинуваат околуцветникот се нарекуваат околуцветни ливчиња (лат. tepal) или околуцветни сегменти. Најчесто, околуцветникот е составен од два круга ливчиња: надворешните, кои обично се зелени, се нарекуваат чашкини ливчиња (лат. sepala) и ја образуваат чашката, додека внатрешните обоени лисја се нарекуваат венечни ливчиња (лат. pétalum), создавајќи го внатрешниот круг — венчето. Меѓутоа, постојат и намалени околуцветници, кај кои е отежнато разликувањето меѓу чашкените и венечните ливчиња.
Наводи
Надворешни врски
Perianth
__СОСОДРЖИНА__ __ИНДЕКС__
Категорија:Анатомија на растенијата