Протести против корупцијата во Македонија — серија јавни протести што започнале по Пожарот во ноќниот клуб во Кочани на 16 март 2025 година, во кој загинале 62 лица, а 193 биле повредени. Пожарот го зголемил гневот на јавноста поради наводната корупција и системските прекршувања на безбедноста во Македонија.
Заднина
Ноќта на 15 март спрема 16 март 2025, во кочанскиот ноќен клуб „Пулс“ гостувала македонската поп-група DNK. На настанот, иако биле продадени околу 250 влезници, се претпоставува дека бројот на посетители бил над 500 луѓе.
Пожарот започнал во 2:35 часот наутро, кога за време на концертот биле запалени пиротехнички светла, од чии искри се запалил таванот и предизвикал ширење на огнот. Набргу целиот ноќен клуб бил во пламен и отровен чад, по кое започнала и голема турканица. Некои од жртвите се обиделе да избегаат низ тоалетот на клубот, но биле пречекани со решетки на прозорците.
Во пожарот загинале 62 лица, а 193 биле повредени, од кои 6 малолетни лица.
Цел на протестите
По пожарот од страна на македонските власти започнала темелна проверка,North Macedonia nightclub fire: crowds call for justice for 59 killed која открила значителни безбедносни прекршоци во опремата за заштита од пожари, пристап до само едно место за влез или излез од објектот. Самиот објект во кој се наоѓал ноќниот клуб немал овластена лиценца за работење и истата била фалсификувана. Како одговор на несреќата, властите започнале сеопфатна тридневна инспекција на сите ноќни клубови и кабареа низ целата земја за да ги спроведат безбедносните прописи.
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски објавил дека се распишани потерници за над 20 лица, а 15 осомничени веќе биле во притвор. Тој открил дека дискотеката „Пулс“ ја добила дозволата за работа преку корупција и поткуп. Меѓу уапсените биле Дејан Јованов-Деко, сопственик на дискотеката, Размена Чекиќ Дуровиќ, поранешната државна секретарка во Министерството за економија, Крешник Бектеши, поранешен министер за економија, и поранешниот директор на Државниот пазарен инспекторат, Горан Трајковски. Инспекторите откриле дека ноќниот клуб работел под фалсификувана лиценца потпишана од Дуровиќ. Дискотеката била сместена во градба што претходно служела како магацин за теписи.
Протести мини|307x307пкс|Кафулето „Класик“, сопственост на истиот поединец во „Пулс“, демолирано како последица на протестите во Кочани, 17 март 2025 година мини|Оддавање почит кон Ѓорѓи Горѓиев и жртвите од Кочанскиот пожар во Струмица
17 март Во Кочани, Битола, Велес, Виница, Кавадарци, Куманово, Прилеп, Пробиштип, Скопје, Струмица, Тетово и Штип, како и во помали собири од другите градови избиле протести, а демонстрантите барале правда и одговорност за трагедијата. Во Кочани протестот ескалирал кога дел од граѓаните, најголем број млади, најпрво пред општинската зграда почнале да фрлаат со јајца и камења и барале да излезе градоначалникот Љупчо Папазов, кој претходно поднел оставка. Потоа група граѓани го демолирале и кафе-барот „Класик“ и возилото, чиј сопственик е истиот од дискотеката „Пулс“. Дел од граѓаните се упатиле кон полициската станица во Кочани каде се конфронтирале со полицијата, но не дошло до поголем инцидент. Била каменувана и куќата на сопственикот на дискотеката „Пулс“, но свештеник од локалната црква успеал да ја смири ситуаицјата и толпата се растурила.
Во Штип, студенти и средношколци излегле на протест барајќи одговорност за трагичната несреќа што се случила во Кочани, каде загинале 5 жители на Штип. Протестот започнал на градскиот плоштад, а продолжил кон општинската зграда.
Со седумминутно молчење точно напладне, илјадници студенти пред платото на УКИМ во Скопје, оддале почит на 59-те загинати во пожарот во дискотеката во Кочани. Говорите за сочувство и поддршка на министерката за образование Јаневска и ректорката на УКИМ, Ангелова, накратко биле прекинати по извиците за помош од публиката. Две лица колабирале, а интервенирала и итната медицинска помош. Говорот на министерката бил исвиркан од студентите, но набргу организаторите ги замолиле студентите да покажат почит и ги потсетиле дека се работи за јавен собир, а не за протест.
Неколку стотици луѓе се собрале на мирен протест и на градскиот плоштад во Струмица од каде побарале правда и одговорност за пожарот. Ѓорѓи Ѓоргиев, тапанарот на групата ДНК, и воедно еден од починатите, потекнува од Струмица.
18 март На 18 март, во секој еден град во републиката се одржале собири во чест на починатите, каде се побарало правда и одговорност за жртвите од пожарот. Најголем дел од собирите и протестите биле организирани од студенти и средношколци, но на нив присуствувале граѓани од сите возрасти. Во 18:00 часот на плоштадот Македонија бил одржан голем студентски собир на кој присуствувале неколку илјади граѓани. Седум медиумски работници меѓу кои и новинари од светски реномираната агенција Ројтерс, биле приведени во полициска станица Центар веднаш по завршувањето на протестот. Објаснувањето било дека се во станица затоа што оделе во живо со снимки од беспилотно летало. Сличен случај се случил и во Кочани каде екипа на бугарската телевизија БТВ исто така била приведена поради летање на беспилотно летало.
19 март Мирни собири за одавање почит на жртвите се одржале во Кочани, Штип и Прилеп. Носејќи фотографии на загинатите штипјани, голем транспарент со натпис „Младината гори“ и други, со натписите: „Секој еден може да биде следен“ и „Бараме правда“, стотици претежно млади луѓе поминаа низ централните градски улици на Штип искажувајќи го својот револт и тага поради трагедијата.
Наводи
Протести 2025 Категорија:Македонија во 2025 година