Менка Алексо Дериева ( во — ) — учесник во НОВ на Македонија.

Животопис Учествувала во НОД во селото Лавци, Битолско од 1941. Собирала народна помош, а од 1942 година била член на женска воспитна група. Во нејзиниот дом престојувале илегалци и борци од партизанскиот одред. Пренесувала илегален материјал во Битола и околните села. Од јули до август 1943 година била в затвор, но немало доказен материјал, затоа со целото семејство била интернирана во селото Брод, Битолско. По интернацијата се вратила во Лавци и продолжила да работи за НОД. Во октомври 1944 година била примена за член на КПМ.

Наводи

Категорија:Учесници во НОБ Категорија:Жени во НОБ