Општина Оморани (, ) — поранешна рурална општина во Македонија, создадена од Кралството Србија после поделбата на Македонија во Втората балканска војна. За време на Првата светска војна општината била префрлена под бугарска окупација. После војната таа била укината со новата административна поделба на Кралството Југославија.

Општината била многу мала, составена само од два населени места — Оморани, која била престолнината и Поменово. Според државните проценки на Кралството Србија вкупното население било 927 жители, 592 од Оморани и 335 од Поменово. Двете села биле со македонско мнозинство но поради српската пропаганда во Македонија тие биле претставени како Срби. Под бугарска окупација населението било третирано како бугарско.

Меѓу 1916 и 1919 година градоначалникот на општината бил Темелко Карпус, македонски трговец по потекло од Оморани, кои се претставил како бугароман кон окупаторите, поради тоа тој бил назначен за градоначалник. Неговиот секретар бил истакнатиот македонски револуционер и социјалист Александар Мартулков.

Историја За време на Втората балканска војна вардарскиот дел на Македонија паднала под српска окупација. После Букурешкиот мировен договор во 1913 година Македонија официјално била припоена кон Србија. Македонскиот народ страдале под суровата српска окупација. Со новата административна поделба градот Велес и нејзината околина била поделена во 26 општини и тие се по азбучен ред:

Општина Бањица (774 ж.)Според српскиот попис во 1913 година. — Бањица, Бузалково, Раштани и 'Рлевци. Општина Башино Село (1.624 ж.) — Башино Село, Новачани, Сопот и Чалошево. Општина Бистрица (1.796 ж.) — Бистрица и Црешево. Општина Богомила (2.040 ж.) — Богомила, Капиново и Нежилово. Општина Велес (15.624 ж.) — Велес. Општина Владиловци (896 ж.) — Владиловци, Јасеново, Крнино и Смиловци. Општина Водоврати (1.226 ж.) — Водоврати и Виничани. Општина Војница (854 ж.) — Војница. Општина Врановци (2.654 ж.) — Горно Врановци. Општина Иванковци (1.457 ж.) — Иванковци и Ѓуземелци. Општина Јаболчиште (897 ж.) — Горно Јаболчиште и Долно Јаболчиште. Општина Каласлари (970 ж.) — Горно Каласлари. Општина Кочилари (1.039 ж.) — Кочилари, Куридере и Ногаевци. Општина Крајници (972 ж.) — Крајници и Долно Врановци. Општина Лисиче (1.082 ж.) — Лисиче и Дреново. Општина Мелница (1.908 ж.) — Мелница. Општина Оморани (927 ж.) — Оморани и Поменово. Општина Ораовец (650 ж.) — Ораовец, Бусилци и Витанци. Општина Ораов Дол (1.371 ж.) — Ораов Дол, Габровник и Мокрени. Општина Ореше (940 ж.) — Ореше и Папрадиште. Општина Оризари (950 ж.) — Горно Оризари и Долно Оризари. Општина Подлес (1.413 ж.) — Подлес и Попадија. Општина Рудник (693 ж.) — Рудник, Ветерско, Лугунци и Чука. Општина Скачинци (754 ж.) — Скачинци, Двориште и Свеќани. Општина С'лп (636 ж.) — С'лп, Белештевица, Карабуниште и Лавчани. Општина Стари Град (1.031 ж.) — Стари Град, Извор, Крива Круша, Мартолци и Ново Село.

Прва светска војна мини|295x295пкс|Алексо Мартулков, секретар на Општина Оморани за време на Првата светска војна. Во почетокот на Првата светска војна немало промени во секојдневниот живот во општината но во 1915 година Царството Бугарија го нападнале Кралството Србија и успешно ја освоиле територијата. Со почетокот на бугарската окупација, српската пропаганда била отстранета и ја вметнале бугарската пропаганда. Немало промени во територијалниот интегритет — сите општини, селски и градски во велешкиот реон биле непроменети. Единствените промени биле отстранувањето на српскиот јазик како службен јазик и вметнувањето на бугарскиот јазик, тие исто така ги отстраниле сите србофилски градоначалници и ги преместиле со бугарофилски.

Во Општина Оморани, србофилскиот градоначалник бил отстранет и преместен со Темелко Карпус, по потекло од Оморани. Карпус бил селски кулак и близок пријател на деребеј Расим од село Десово, Прилепско. Темелко Карпус бил квислинг, според Алексо Мартулков — неговиот секретар, Карпус се спријатил со секоја окупаторска власт со цел да добие високи позиции. За време на српската власт тој соработувал со Јован Бабунски и се претставил како „верен српски агент“.

Новата бугарска окупаторска власт го назначил за градоначалник поради тоа што се претставувал како бугарофил. Истовремено во една средба, Орце Андов му препорачал на Александар Мартулков да соработува со бугарската власт за да може да се вработи во висока позиција, за темата Мартулков истакнал: „Тоа не беше чудно, зашто сите доследни и верни дејци беа на располагање на бугарските власти, од десни до крајно леви. Неутрални дури немаше. Ние сите, со мали исклучоци, се бевме впрегнале да ги остваруваме националните интереси на Бугарија. Поистакнатите водачи на леви и десни македонски револуционери се беа вгнездиле едни по штабовите на армиите, други во администрацијата и полицијата, трети во општинските управи и постојани окружни комисии. Со еден збор, во сите служби бевме застапени, и тоа со завиден процент. Мнозина се грижеа да си натрупаат малку имотец. Тоа беше грозна историска стварност. Исчезнаа старите револуционерни традиции“, тој признава дека голем дел од нив соработувале само за парично осигурување.

Мартулков го прифатил предлогот на Орце Андов и почнал да соработува со бугарската окупаторска власт, поради тоа тогашните водачи го назначиле за секретар на Општина Оморани. Кога стигнал во селото Оморани го затекнал местото во сиромашни услови. Во неговите спомени тој го користи поимот „ужегубернаторска“ да ја претстави положбата на селото. Голем дел од селаните не го подржувале Карпус, поради тоа тој лажно изјавил дека имало србоманска чета во селото со цел да добие воена поддршка од бугарската власт. Бугарскиот гарнизон го водел Чукурски кој бил суров и строг.

Но, присуството на голем гарнизон во селото било штедно. Војниците ги краделе и колеле стоката на земјоделците и сточарите. Поради воените услови албанското население во општината се преселиле. Бугарскиот терор исто така доведело до малтретирањето на селанското население, некои селани исто така биле лажно интенирани во Јужна Бугарија. Поради овие услови Мартулков одлучил да воведе реформи во општината, неговите три главни цели биле:

Да се потврди дали имало србоманска чета во општинската околија. Ако немало, да се отстрани бугарскиот гарнизон. Да се ослободат селаните кои биле интернирани во Јужна Бугарија поради фалсификувани причини.

мини|283x283пкс|Поглед на Поменово. За првата цел тој ги контактирал селаните од Поменово и Оморани да потврди дали имало сведоци кои можеле да потврдат дали имало србоманска чета во околијата. Открил дека имало србоманска чета но таа се преместила во Мукос околу почетокот на војната, поради тоа тие никогаш немале цел да ја нападнат општината. Со неговото откривање тој побарал од бугарската влада да го отстранат гарнизонот. Чукурски и неговата чета биле пратени да учествуваат во друг фронт но во замена пристигна четата на Манолев. Мартулков не ја подржал одлуката, поради тоа тој побарал да се отстрани четата на Манолев во селото.

После долги разговори со Манолев, Мартулков успеал да ја исполни втората цел. Неговата трета и последна цел била да се вратат интернираните селани од Јужна Бугарија. Мартулков за тоа патувал директно кон Скопје во средба со привремената бугарска влада. После неколку месеци успеал да ги убеди да ги ослободат интернираните Македонци. Околу овој период Алексо Мартулков постепено го изолирал Темелко Карпус од општинските обврски, поради тоа околу 1917 година Карпус се преселува во Велес со неговото семејство. Поради тоа во последните месеци на војната, Алексо Мартулков бил неофицијалниот градоначалник.

Селаните во општината, како другите општини во Македонија, морале да служат во бугарската армија поради тогашниот воен рок. Алексо Мартулков не ја подржувал идеата, поради тоа тој претходно го формирал т. н. Комитет на дезертери, но немал доволно политичка моќ за да ја спречи бугарската војска. После Првата светска војна општината паднала под склоп на Кралството Југославија, во 1919 година тие воведиле нова територијална и административна поделба на Македонија. Голем дел од општините формирани под Кралството Србија биле укинати, меѓу нив бил и Општина Оморани.

Наводи

Категорија:Поранешни општини во Македонија Категорија:Општини во Македонија основани во 1913 година