мини| Крошни на D. aromatica во Институтот за истражување на шумите во Малезија покажува срамежливост на крошната мини| Дрвја на Плаза Сан Мартин (Буенос Аирес), Аргентина Срамежливоста на крошната (исто така одвојување на крошна, срамежливост на крошна, или простор меѓу крошните ) е феномен забележан кај некои видови дрвја, при што крошните на целосно развиени дрвја не се допираат едни со други, формирајќи крошна со канали-како празнини. Феноменот е најзастапен кај дрвјата од ист вид, но се јавува и помеѓу дрвја од различни видови. Постојат многу хипотези за тоа зошто срамежливоста на крошните е адаптивно однесување, а истражувањата сугерираат дека може да го инхибира ширењето на ларвите од инсекти што јадат лисја.

Можни физиолошки објаснувања Точната физиолошка основа на срамежливоста на крошните е непозната. Феноменот се дискутира во научната литература уште од 1920-тите. Разновидноста на хипотези и експериментални резултати може да сугерираат дека постојат повеќе механизми кај различни видови, пример за конвергентна еволуција.

Според некои хипотези, преплетувањето на гранките од крошните води до „заемно кастрење“ на соседните дрвја. Имено, дрвјата во ветровити подрачја се изложени на физички оштетувања поради судири при ветар, а оштетувањата и судирите предизвикуваат појава на срамежливост на крошните. Истражувањата покажуваат дека страничниот раст на гранките не е под влијание на соседните дрвја се додека не дојде до механичко триење. Ако крошните се вештачки спречени од судир на ветровите, тие постепено ги пополнуваат празнините на настрешницата. Оваа теорија ја објаснува појавата на срамежливост на крошните дури и меѓу гранките на истото дрво. Поддржувачите на оваа идеја тврдат дека срамежливоста е особено изразена во услови кои го фаворизираат ова „кастрење“, како што се ветровити шуми, насади со флексибилни дрвја и млади шуми каде гранките се еластични и со ограничено странично движење. Според оваа теорија, променливата флексибилност во страничните гранки во голема мера влијае на степенот на срамежливост на крошната.

Слично, некои истражувања покажуваат дека постојаното триење на местата за раст го оштетува ткивото на пупките, спречувајќи го нивниот страничен раст. Австралискиот шумар М.Р. Џејкобс, кој во 1955 година ги проучувал моделите на срамежливост на крошните кај евкалиптусите, сметал дека врвовите на растење на дрвјата се чувствителни на триење, што доведува до појава на празнини во крошната. Мигел Франко (1986) забележал дека гранките на Picea sitchensis (смрека Sitka) и Larix kaempferi (јапонски ариш) претрпеле физичко оштетување поради абразија, што ги уништило водечките изданоци.

Една од главните хипотези е дека срамежливоста на крошните се должи на меѓусебното препознавање на светлината од соседните растенија. Реакцијата на избегнување на сенка, која се случува преку фоторецептори, е добро познато однесување кај многу растителни видови. Се верува дека препознавањето на соседните растенија се врши преку неколку специфични фоторецептори. Растенијата можат да ја детектираат близината на соседите со препознавање на дисперзирана далечно-црвена светлина, процес кој се смета дека е овозможен од фитохромните фоторецептори. Многу растителни видови реагираат на зголемено присуство на далечно-црвена светлина (што значи присуство на соседни растенија) со тоа што го насочуваат растот во спротивна насока од изворот на далечно-црвената светлина и го забрзуваат издолжувањето. Слично на тоа, растенијата користат сина светлина за да предизвикаат одговор на избегнување на сенка, што веројатно игра улога во препознавањето на соседните растенија, иако тоа штотуку почна да се препознава во 1988 година.

Карактеризацијата на овие однесувања може да сугерира дека срамежливоста на крошната е едноставно резултат на меѓусебно засенчување врз основа на добро разбрани одговори за избегнување на сенка. Малезискиот научник Франсис С.П. Нг, кој го проучувал видот Dryobalanops aromatica, претпоставил дека врвовите на растење се чувствителни на количеството светлина и престануваат да растат кога ќе се приближат до листовите на соседните дрвја поради сенката што тие ја создаваат

Истражување од 2015 година покажа дека растението Arabidopsis thaliana користи различни стратегии за распоредување на листовите во зависност од тоа дали расте меѓу сродни или несродни растенија од ист вид. Имено, растението ги засенува несродните соседи, а ги избегнува сродните. Оваа реакција е овозможена преку правилно функционирање на повеќе различни начини за перцепција на светлината. Студија од 1998 година предложи слични системи на фоторецептор-посредувана инхибиција на растот како објаснување за срамежливоста на крошната, иако директната причина и последица помеѓу фоторецепторите и асиметријата на крошните сè уште не е потврдена со експерименти. Ова може да ги објасни случаите на простор меѓу крошните кои се јавуваат само помеѓу растенија од ист вид

Видови Меѓу дрвјата кои покажуваат појава на срамежливост на крошните се:

Видови Dryobalanops, вклучувајќи Dryobalanops lanceolata и Dryobalanops aromatica (капур) Некои видови на евкалиптуси Pinus contorta Avicennia germinans или црна мангрова Schefflera pittieri Clusia alata К. Пајманс забележал срамежливост на крошна во група на дрвја, кои припаѓаат на видовите Celtis spinosa и Pterocymbium beccarii

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Растителна морфологија