Света Петка — главна селска црква во штипското село Сарчиево, Македонија.

Во дворот на црквата на 8 август 2010 година биле зготвени 3.150 литри грав, со што селото влегло во Гинисовата книга на рекорди.

Местоположба

Црквата се наоѓа во северниот дел на селото Сарчиево. Околу црквата се наоѓаат и селските гробишта.

Историја

По податоците на Брегалничката епархија, црквата била првично изградена во 1973 година, но истата била срушена во 2003 година и била започната нова црква. Истата уште не е осветена.

Сепак, според друг извор камен-темелникот бил поставен на 8 август 1956 година по иницијатива на браќата Милан и Ладе Давчеви, кои потекнува од селото. Подоцна, во 1959 година бил уреден дворот и бил изграден конакот. Подоцна, во 1959 година бил уреден дворот и бил изграден конакот. Изградбата на црквата се случила многу подоцна: во 2009 година бил создаден нов црковен одбор од пет члена, а Стојан Давчев инвестирал во изградбата на летната црква. Истата година била подигната и црковната камбанарија, а во 2011 година бил уреден дворот, во кој се наоѓа извор чија вода се смета за чудотворна. Обновената црква, заедно со камбанаријата, биле осветени на 8 август 2010 година.

Во минатото, на местото се наоѓал крст, а мештаните ја посетувале црквата во Трогерци.

Галерија

Поврзано Штипско архијерејско намесништво Горнобалванска парохија Сарчиево

Наводи

Надворешни врски

Сарчиево