Маргарета од Цеље (герм. Margareta, пол. Małgorzata; 1411 – ) — благородна членка на словенечкиот дом на Цеље и по брак кнегиња на половина од Глогув и Шчинава.

Таа била единственото дете на Херман III Цељски (роден околу 1380 г. – починал откако паднал од коњ, 30 јули 1426 година), и неговата прва сопруга Елизабета (родена околу 1377 г. – починала пред 1423 г.), ќерка на баронот Јохан II од Абенсберг и вдовица на Улрих II од Шауенбург. Од првиот брак на нејзината мајка, Маргарета имала двајца постари полубраќа, Јохан I (умрел 16 ноември 1453 година) и Џорџ I од Шауенбург (умрел млад, 1404 година).Chronological data by Herbert Stoyan

Од страната на нејзиниот татко, таа била внука на Барбара Цељска, втора и последна сопруга на Сигизмунд, светиот римски император, крал на Унгарија и Бохемија.

Биографија На 15 март 1430 година, Маргарета првпат се омажила за Херман I, гроф од Монфорт-Пфанберг-Брегенц. Тие заедно имале четири деца: три сина—Херман II (роден во 1431), Џорџ I (роден во 1433) и Јохан III (роден во 1434) — и една ќерка — Барбара (родена во 1435).Chronological data by Herbert Stoyan. Грофот Херман I починал на 24 јули 1435 година.

Во декември 1444 година, Маргарета вторпат се омажила со Владислав, кнез на двете половини на Глогув и Шчинава, член на Ќешинскиот огранок од Пјастовиот дом. Тие немале деца.

Владислав починал на 14 февруари 1460 година. Во својот тестамент, тој ги оставил сите свои поседи на Маргарета (како нејзин вдовички имот) и на неговиот брат Пшемислав II, сепак наскоро Пшемислав II ја превзел ефективната власт над сите поседи на неговиот покоен брат.

Маргарета, ослободена од владеењето со нејзините земји, останала во Глогув, дури и откако нејзиниот зет Пшемислав II го изгубил суверенитетот над половината Глогув и Шчинава во 1476 година, кога кралот Матија Корвин ги припоил овие земји кон боемската круна.

Казимир II, кој бил внук на Владислав и Пшемислав II, ги побарал своите права над половина Глогув и Шчинова како единствениот машки наследник на целата Ќешинова линија. Наскоро градскиот совет на Глогув го заколнал како владетел на градот и старател на Маргарета; сепак, брзо потоа тој бил поразен од силите на Јан II. На крајот, Казимир II се откажал од сите свои барања за наследството на Владислав во замена за парична компензација од кралот Матија Корвин во 1479 година.

Потоа Маргарета била принудена сама да го брани градот од Јан II. Таа ја одржувала одбраната во Глогув сè до 1 мај 1480 година, кога по седумнеделна опсада, Јан II конечно го освоил градот, а Војводството Глогув било конечно обединето по речиси 150 години поделба. Маргарета починала после два месеци.

Наводи

Категорија:Пјастовци Категорија:Починати во 1480 година Категорија:Родени во 1411 година