Вистински штетници (словенечки: To so gadi) — словенечка комедија од 1977 година на писателот и режисерот Јоже Бевц, со Берт Сотлар, Даре Валич и Мајда Потокар кои се главните улоги во филмот. Филмот бил еден од најуспешните филмови во Словенија, држејќи го домашниот рекорд за најголема заработка речиси 15 години.

Содржина Вистински штетници е комичен филм за вдовецот Штебе (Берт Сотлар), кој работи како возач на автобус и живее со своите пет адолесцентни синови и една постара слугинка Рози (Мајда Потокар) во Љубљана. Момчињата се диви, постојано се шегуваат со соседите и со Рози, на која и е преку глава од нивното однесување поради кое го добија прекарот „гадови“ („штетници“, или буквално „ отровници“). Еден ден, таа ја исполнува својата закана и заминува од дома на село и покрај тоа што е исклучително мила на семејството. Токму тогаш, младата внука на Рози, Мери (Милада Калезич) се населува во градот и ѝ е понудено место да остане од Штебе додека не најде работа. Атрактивната Мери не може да се натпреварува со Рози во домаќинството, но веднаш ги обвиткува сите момчиња околу прстот, привлекувајќи внимание и од колегата на Штебе, Тони (Борис Каваца) со кој подоцна станува пар. Сепак, се чини дека никој не знае каде оди таа секое попладне. Конечно, Штебе, кој многу добро ја познава Рози, ја убедува да се врати. Во исто време, тајната за Мери е исто така решена: таа учела да вози автобус и тогаш го има положено возачкиот испит, станувајќи возач во градската транспортна компанија Сите се качуваат во нејзиниот автобус и си заминуваат.

Улоги

Берт Сотлар - татко Штебе Даре Валич - Бине Мајда Потокар - Рози Јоже Хорват - Бране Милада Калезич - Мери Борис Каваца - Тони Радко Полич - Борис Андреј Превц - Јанез Богдан Сајовиц - Муки Макс Бајц - Мерклин

Наводи

Надворешни врски

Вистински штетници на Семрежната филмска база на податоци. Категорија:Филмови чие дејствие се одвива во Југославија Категорија:Филмови од 1977 година Категорија:Филмови на словенечки јазик Категорија:Словенечки филмови