Сута Николова Бутникошарева ( во — во ) — учесник во НОВ на Македонија.

Животопис За време на окупацијата живеела во Велес. Нејзиниот дом и бавчата што се наоѓале на крајот од градот служеле за засолнување на илегалци, оружје и одржување илегални состаноци. Поголема активност пројавила во текот на 1941 и 1942 година до одењето на нејзината ќерка Нада во Велешкиот партизански одред. За време на тој период, нејзиниот дом бил најсигурен за одржување состаноци на партиската органнзација во градот и за престој на илегалци. Доаѓале курири и од единиците на НОВ кои Бутникошарева и нејзините двајца синови ги снабдувале со храна, облека и муниција.

Поврзано Благој Бутникошарев Нада Бутникошарева Јове Бутникошарев Илија Бутникошарев Кире Бутникошарев

Наводи

Литература Ѓорѓи Малковски - Нада Бутникошарева Категорија:Учесници во НОБ Категорија:Жени во НОБ