Ленка Стевкова Бражанска ( во — ) — учесник во НОВ на Македонија и носител на Партизанска споменица од 1941 година.
Животопис лево|мини|200x200пкс|Партизанската споменица 1941, чиј носител е Ленка Бражанска. Од пролетта 1941 година учествувала во НОД во Скопје. Во 1941 година носела храна на политичките затвореници. Во нејзиниот дом се одржувале илегални состаноци и престојувале илегалци. Во нејзиниот дом престојувале Мирче Ацев, Страшо Пинџур, Мара Нацева и многу други. Во текот на 1942 и 1943 година два пати била затворена. Во 1943 година била интернирана во село Болно-Крџалиско, Бугарија на 6 месеци. По враќањето продолжила со поранешната активност. Носител е на Партизанска споменица 1941.
По ослободувањето таа била кандидат на изборите во 1945 година и освоила 6230 гласови.
Наводи
Надворешни врски
ЉУБОВ ЗАД РЕШЕТКИ - Киро Урдин (стр.143)
Категорија:Учесници во НОБ Категорија:Жени во НОБ Категорија:Носители на Партизанска споменица од 1941