Лорин Ноел Хил (англ. Lauryn Noelle Hill; родена на 26 мај 1975 година) ― американскa раперкa, пејачка, текстописка, музичка продуцентка и глумица. Стекнала популарност како пејачка во хип-хоп групата Fugees, а врвот на славата го постигнала по објавувањето на нејзиниот досега единствен соло-албум The Miseducation of Lauryn Hill (1998). За овој албум Хил освоила пет Греми-награди, меѓу кои и наградата за најдобар нов изведувач и за албум на годината. Станала прв рапер воопшто кој освоил Греми-награда за албум на годината. The Miseducation станала прва снимка од раперка сертифицирана со дијамантски тираж од RIAA.
Често ѝ се припишува заслугата за пробивање на бариерите за раперките, популаризирање на мелодичниот рап и се смета за основоположник на нео-соул музиката. Хил се нашла на списокот од „200 најдобри пејачи на сите времиња“ објавен од списанието Ролинг стоун. Во 2015 година, Билборд ја прогласил за најдобра раперка. Добила осум Греми-награди ― најмногу меѓу раперките. Со продадени над 50 милиони снимки ширум светот, таа е една од најпродаваните раперки на сите времиња.
Живот и кариера Лорин Ноел Хил е родена на 26 мај 1975 година во Ист Оринџ, Њу Џерси. Нејзината мајка била професорка по англиски јазик, а татко ѝ бил консултант на менаџери. Потекнува од баптистичко семејство.
Нејзиниот татко пеел во месни ноќни клубови и на свадби. Во детството, Хил често ги слушала Кертис Мејфилд, Стиви Вондер, Арета Френклин и Гледис Најт; години подоцна, се присетила дека секогаш пред да заспие ја слушала „What's Going On“ од Марвин Геј.
1991–1993: Почетоци во кариерата Додека била прва година во средно училиште, преку заеднички пријатели се запознала со Праказрел „Прас“ Мишел,George-Warren, Holly; Ramanowski, Patricia, eds. и заедно ја основале групата Translator Crew. Групата настапувала на месни изложби и шоуа за таленти во средно училиште. Хил прво била само пејачка, но потоа научила и да рапува.
Во детството, Хил земала часови по глума на Менхетен.Jacobs, Andrew (February 26, 1999). Глумечката кариера ја започанала во 1991 година во хип-хоп верзија на Шекспировата претстава Спроти водици.Foege, Alec (September 5, 1996). Иако претставата не била успешна, Хил била забележана од агент. Подоцна истата година, Хил имала повторлива улога на проблематична тинејџерка Кира Џонсон во сапунската опера „Додека светот се врти“ (англ. As the World Turns). Подоцна глумела покрај Вупи Голдберг во филмот од 1993 „Чесни сестри во акција 2 (англ. Sister Act 2: Back in the Habit).
Хил, исто така, се појавила во филмот од Стивен Содерберг од 1993 година, Крал на ридот, во мала, но клучна улога како оператор со лифтови од 1930-тите. Биографот на Содерберг, Џејсон Вуд, ја опишал како една од најтоплите сцени во филмот. Хил матурирала во средното училиште „Колумбија“ во 1993 година.
1994–1996: Успех со групата Fugees и мајчинство Прас, Хил и Жан ја преименувале нивната група во Fugees и во 1993 година потпишале договор со Columbia/Ruffhouse Records.Brown, Ethan (May 1999). Групата станала позната по жанровскиот спој на реге, рок и соул-музика,George-Warren, Holly; Ramanowski, Patricia, eds. а во 1994 година бил издаден нивниот прв албум, Blunted on Reality. Албумот се продавал слабоFarley, Christopher John (February 8, 1999). и бил проследен со лоши критики.
Вториот албум на The Fugees, The Score (1996), се искачил на прво место на американската топ-листа за албуми Билборд 200. Бил продаден во над 20 милиони примероци ширум светот. Ја освоил наградата Греми за најдобар рап-албум, а подоцна бил вклучен на списокот од 500 најдобри албуми на сите времиња од списанието Ролинг Стоун.
Од албумот The Score биле објавени сингловите „Fu-Gee-La“, „Ready or Not“ (кои ги истакнале вокалните и раперските способности на Хил) и преработката на песната од Боб Марли „No Woman, No Cry“. Песната „Killing Me Softly“ станала хит со кој групата се пробила на светската музичка сцена. Песната станала најпродаван сингл во 1996 година во повеќе земји и региони, а освоила и Греми за најдобра R&B изведба на дуо или група со вокал."The Score – Fugees: Awards".
На 21 годишна возраст, Хил сè уште живеела со нејзините родители.Foege, Alec (September 5, 1996). Во овој период се запишала на Универзитетот Колумбија,Samuels, Allison (April 15, 1996). "Fugees Are the New Conscience of Rap". Newsweek. Archived from the original on February 20, 2014. Retrieved June 30, 2013. но го напуштила по околу една година студии откако продажбата на The Score забележала милионски тираж.Farley, Christopher John (February 8, 1999).
Во 1996 година, Хил основала непрофитна организација под името Refugee Project, која се обидувала да ги трансформира ставовите и однесувањето на младите од ризични групи. Хил, исто така, собрала пари за бегалците од Хаити, поддржала проекти за изградба на бунари за чиста вода во Кенија и Уганда и одржала рап-концерт во Харлем за промоција на регистрацијата на гласачите. Во организацијата Refugee Project во 1997 година во одборот на доверители членувале: Шон Комбс, Мараја Кери, Баста Рајмс, Спајк Ли и други.
Во 1997 година, членовите од групата Fugees се разделиле за да работат на соло-проекти. Како причина за распаѓањето на групата, Жан подоцна ја навел неговата нестабилна врска со Хил и фактот дека се оженил со неговата сопруга Клодинет додека сè уште бил во врска со Хил. Во меѓувреме, летото 1996 година Хил се запознала со Рохан Марли, син на Боб Марли и поранешен фудбалер на Универзитетот во Мајами. Хил започнала врска со него, додека сè уште била во врска со Жан. Хил забременила кон крајот на 1996 година, а на 3 август 1997 година се родило првото дете на Марли и Хил, Зион Дејвид.Kot, Greg (January 21, 1999). Двојката живеела во куќата од детството на Хил во Саут Оринџ, откако таа на нејзините родители им купила нова куќа подолу во истата улица.Brown, Ethan (May 1999).
Хил имала камео појавување во филмот Hav Plenty од 1997 година. Во 1998 година, Хил имала уште една мала, но важна улога во филмот Ресторан.
1998–1999: Прв соло-албум Нејзиниот прв соло-албум, The Miseducation of Lauryn Hill, бил објавен на 25 август 1998 година, дебитирал на прво место на Билборд 200 и добил одлични критики од современите музички критичари; бил највисоко оценет албум od 1998 година. Албумот содржел придонеси од Дианџело, Карлос Сантана, Мери Џеј Блајџ и тогаш непознатиот Џон Леџенд.
Првиот објавен сингл од албумот бил „Doo Wop (That Thing)“. Дебитирал на прво место на американската топ-листа за синглови, Billboard Hot 100 и со тоа Хил санала прв изведувач кој со дебитантските записи дебитирал на прво место на двете американски топ-листи (за синглови и за албуми). Во анкетата на критичарите на Pazz & Jop во 1998 година, Miseducation се нашла на второ место на листата на најдобри албуми, а „Doo Wop (That Thing)“ на второто место на списокот од најдобри синглови.
Во ноември 1998 година, се родило второто дете на Марли и Хил, Села Луиз.
Во пресрет на Греми наградите во 1999 година, Хил станала прва пејачка номинирана во десет категории во иста година. Покрај номинациите за Miseducation, била номинирана и за нејзината изведба на „Can't Take My Eyes Off You“ за филмот од 1997 година Теорија на заговор и како текстописец и продуцент на песната „Rose Is Still a Rose“ од Арета Френклин. Хил се појавила на неколку насловни страници на списанија, меѓу кои: Time, Esquire, Rolling Stone, Teen People и The New York Times Fashion Magazine.Lewis, Andrea (April 1999). За време на доделувањето на Греми-наградите, Хил соборила уште еден рекорд со тоа што станала прва жена која освоила пет награди во една вечер; ги оосвоила наградите за албум на годината, најдобар R&B албум, најдобра R&B песна, најдобра женска R&B вокална изведба и најдобар нов изведувач. За време на говорот за прифаќање на наградите, таа рекла: "Ова е лудо. Ова е хип-хоп!" Хил донела ново, мејнстрим прифаќање на жанрот.Jacobs, Andrew (February 26, 1999).
Во февруари 1999 година, Хил добила четири награди на 30-тото доделување на NAACP Image Awards. Во мај 1999 година, станала најмлада жена именувана на листата на 100+ највлијателни црни Американци од списанието <i id="mwA1k">Ebony</i>; во ноември истата година, истата публикација ја именувала како една од „10 за утре“ во „Abony 2000: Special Millennium Issue“. Во мај 1999 година, таа се нашла на списокот од 50 најубави луѓе според списанието <i id="mwA2M">People</i>."Most Beautiful: Lauryn Hill: Musician". Во јуни 1999 година, ја добила наградата Essence. На почетокот од 2000 година, Хил била еден од продуцентите кои ја споделиле наградата „Греми за албум на годината“, доделена за албумот „Supernatural“ (1999) од групата Сантана. Таа исто така била номинирана за најдобра R&B песна за „All That I Can Say“, која ја напишала и ја продуцирала за Мери Џеј Блајџ. Исто така, нејзиниот дует со Боб Марли на „Turn Your Lights Down Low“ за ремикс-албумот „Chant Down Babylon“ од 1999 година добил номинација за Греми за најдобра поп соработка со вокал.
2000–2003: Самонаметнат егзил и MTV Unplugged No. 2.0 Хил почнала да пишува сценарио за животот на Боб Марли, а во филмот планирала да ја глуми неговата сопруга Рита.Touré (October 30, 2003). Таа, исто така, почнала да продуцира романтична комедија под работен наслов Сос и прифатила главна улога во филмската адаптација на романот од Тони Морисон „Љубена“; подоцна се откажала од двата проекта поради бременост. Таа, наводно, ги одбила и улогите во римејкот за Ѕвездата е родена (филмот подоцна бил објавен во 2018 година, а улогата ја толкувала Лејди Гага), <i id="mwA9g">Dreamgirls</i> (за улогата на Дина, подоцна одглумена од Бијонсе), Чарлиевите ангели (улогата што ја толкува Луси Ли), Мексиканец, Борновиот идентитет, Matrix Reloaded и The Matrix Revolutions.
Во 2000 година, Хил ја снемало од очите на јавноста. Притисокот на славата почнал да ја надвладува.Touré (October 30, 2003). Не ѝ се допаѓало што не можела да излезе од нејзината куќа за да извршува едноставни работи без да се грижи за својот физички изглед. Таа го отпуштила нејзиниот менаџерски тим и почнала пет дена во неделата да посетува часови за проучување на Библијата; таа исто така престанала да дава интервјуа, да гледа телевизија и да слуша музика. Почнала да се дружи со „духовен советник“ по име брат Ентони. Некои луѓе, блиски до Хил, сметале дека Ентони повеќе личел на водач на култ отколку на духовен советник, и мислеле дека контроверзното јавно однесување на Хил во голема мера е негова заслуга.
Во јули 2001 година, додека била бремена со нејзиното трето дете, Хил пред мала група луѓе го открила нејзиниот нов материјал за снимање на специјална емисија на MTV Unplugged.Touré (October 30, 2003). Албумот во живо од концертот, насловен MTV Unplugged No. 2.0, бил издаден во мај 2002 година. За разлика од речиси едногласните пофалби за Miseducation, 2.0 ги поделило критичарите. AllMusic му дал 4 од 5 ѕвезди на албумот, Ролинг Стоун го нарекол албумот „јавен дефект“, а Роберт Хилбурн од Лос Анџелес Тајмс рекол дека насловот на албумот од Хил бил предмет на подбив и дека таа станала уништена. Со мешани критики и без значително радио-емитување, 2.0 дебитирал на трето место на Билборд 200. Албумот подоцна бил сертифициран со платина во САД од RIAA.
Нејзината песна „Mystery of Iniquity“ од албумот била номинирана за Греми награда за најдобра женска рап соло изведба и била искористена како интерполација од Канје Вест за неговиот сингл „All Falls Down“.
Во 2001 година се родило третото дете на Марли и Хил, Џошуа Омару. Една година подоцна се родило нивното четврто дете, Џон Неста.
До 2002 година, Хил ја затворила нејзината непрофитна организација за бегалци.
2004–Денес: Подоцнежна кариера и проекти мини| Хил на настап во 2005 година Во 2004 година, Хил придонела со нова песна, „The Passion“, за саудтракот од филмот Пасија. Ремикс верзијата со Џон Леџенд на нејзината песна „So High“ била номинирана за „Греми награда за најдобра R&B изведба на дуо или група со вокал“.