мини|Жолто еже Hydnum repandum, народно позната како жолто еже, е базидиомицетна габа од фамилијата Hydnaceae. Првпат опишана од Карл Линеј во 1753 година, таа е типски вид од родот Hydnum. Габата произведува плодно тело (печурка) кое се карактеризира по структурите кои носат спори - тие се во форма на боцки наместо ливчиња, и висат од долната страна на капата. Капата е сува, жолта до светло портокалова до кафеава и често добива неправилна форма, особено кога расте тесно збиена до други плодни тела. Ткивото на печурката е бело, со пријатен мирис и горчлив вкус. Сите делови од печурката се обојуваат во портокалова боја со стареење или при повреда.
Hydnum repandum е микоризна габа, широко распространета во Европа каде што расте поединечно или во блиски групи во иглолисни или листопадни шуми. Јадлива е, иако зрелите примероци можат да развијат горчлив вкус. Не постојат отровни печурки со кои може да се помеша.
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Габи на Северна Америка Категорија:Животински таксони опишани од Карл Линеј Категорија:Габи на Европа Категорија:Јадливи габи